Митови и заблуди околу пилулата за ден потоа

Пилулата за ден потоа, односно итната контрацепција се препорачува во случај на незаштитен полов однос. Исто така се препорачува и поради некоја разумна причина како што е пропустот во текот на примањето редовни контрацептивни методи (пукање на кондомот, прескокнување на пилулите за редовна контрацепција, грешка во пресметувањето на плодните денови) или во случај кога не е користена никаква заштита.

mitovi-i-zabludi-okolu-pilulata-za-den-potoa-01.jpg

Иако постојат многу достапни современи контрацептивни методи, сепак многумина се одлучуваат на незаштитен полов однос и на тој начин се ставаат во ризик од непланирана бременост или сексуално пренослива болест.

Сето тоа многу пати резултира со бројни абортуси. Затоа неопходна е едукација за сексуалното здравје и заобиколувањето на употребата на современа контрацепција, вклучувајќи ја и итната контрацепција како можно решение за непосакуваната бременост

Мит 1: Консултацијата со гинеколог е неопходна

Пилулата за ден потоа може да се употреби до 72 часа по незаштитениот сексуален однос, а истата може да се купи во аптека без лекарски рецепт, но потребно е кратко објаснување за начинот на употреба од страна на фармацевт или друг здравствен работник.

mitovi-i-zabludi-okolu-pilulata-za-den-potoa-02.jpg

Мит 2: Итната контрацепција смее да се користи максимално еднаш или два пати годишно

Според препораките на Светската здравствена организација, пилулата за ден потоа треба да се пие после секој незаштитен однос, доколку жената не сака да остане бремена.

Но, не се препорачува повторна примена на ваквиот вид контрацепција во текот на истиот менструален циклус затоа што може да дојде до нарушување на циклусот.

mitovi-i-zabludi-okolu-pilulata-za-den-potoa-03.jpg

Мит 3: Пилулата за итна контрацепција е опасна

Пилулата за итна контрацепција не е опасна и не доведува до хормонален дисбаланс.

Ако се јават несакани ефекти, тогаш се работи за благи појави како што се: мачнина, поблаго нарушување на циклусот, напнатост во долниот стомак и градите, а поретко се случува да дојде и до повраќање.

Доколку дојде до повраќање во рок од три часа од кога е испиена таблетата, пожелно е да се земе уште една.

Но, доколку менструацијата доцни повеќе од 5 дена, невообичаено е оскудна или обилна – тогаш треба што поскоро да посетите гинеколог.

mitovi-i-zabludi-okolu-pilulata-za-den-potoa-04.jpg

Мит 4: Пилула за ден потоа е исто што и пилула за абортус

Напротив, дури и да се случи да се испие по настапување на бременоста, докажано е дека нема штетно делување врз плодот.

Што значи дека итната контрацепција спречува да дојде до забременување, но нејзината употреба не може да ја прекине веќе постоечката бременост.

M. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
4-те најчести митови за менопауза во кои не треба да верувате Дебелеењето е неизбежно и менопаузата значи дека сте стари – во кои митови за ме...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg