7 нешта што ги правите, а никој не сфаќа дека тоа е поради анксиозност
Анксиозноста воопшто не е лесна состојба за разбирање, особено за оние кои лично не ја искусиле. Поради нејзе правите одредени нешта што другите не ги сфаќаат.
Можеби токму овој текст ќе ви помогне да им покажете како навистина се чувствувате кога ги одбивате поканите за излегување и зошто се плашите од најлошите исходи во секоја можна ситуација.
Во случај ни самите да не се разбирате себе што ви се случува, еве ви мала помош околу прифаќањето и справувањето со својата состојба:
1. Одбивате покани дури и кога ви се оди некаде
Некогаш анксиозноста е толку чудна што од вас ја извлекува секоја капка енергија. Затоа воопшто не ви се оди на настани за кои всушност некогаш сте сакале да одите.
2. Се опседнувате со нешта за кои нормално не би мрднале со прст
Се нервирате за разговор од минатата недела, за своја или туѓа постапка, за нешто што сте го чуле или нешто што друг ви кажал. Што и да ви се случува, луѓето кои немале анксиозност, нема да го разберат ова.
3. Лесно се будите дури и кога сте уморни
Спиењето ви претставува проблем поради многуте нешта кои треба да ги прифатите и да се навикнете на нив. Вашиот ум никогаш не запира, па дури и кога спиете, тој е целосно буден и ве измачува.
4. Си ги повторувате разговорите во глава
Мразите конфронтации, но можните сценарија постојано ви се вртат во глава. Во мислите, можете совршено да го изведете разговорот, но во реалност не собирате храброст за такво нешто.
5. Мислите дека е ваша вина што некој не ви враќа веднаш
Помирете се, луѓето не седат постојано со телефоните во рацете. Некогаш јадат, некогаш спијат, во тоалет се или прават нешто друго и не можат веднаш да ви вратат. Не го сфаќајте тоа толку лично.
6. Имате нервен слом секогаш кога се зборува за иднината
Иднината ве прави нервозни и несигурни и мразите да зборувате за долгорочни планови. Она што за некого е возбуда, за вас е страв и ужас и мразите да разговарате за иднината.
7. Има денови кога сте физички и ментално премногу уморни за да можете да функционирате
Некогаш анксиозноста ве удира толку силно, што не можете да замислите да се мешате со луѓе и да правите нешто конструктивно. Затоа тие денови се повлекувате настрана. Ова може да биде погубно бидејќи многу луѓе нема да имаат разбирање за вашата потреба да се повлечете настрана.
Е. Д. | Црнобело