7 грозни и непријатни нешта што се случуваат со вашето тело по првата голтка алкохол

Празниците се ближат и сигурно ќе посакате да наздравите со чаша добро вино или некој жесток пијалак. Но, дали знаете што се случува внатре во вашето тело по само првата голтка?

7-grozni-i-neprijatni-neshta-shto-se-sluchuvaat-so-vasheto-telo-po-prvata-goltka-alkohol-01.jpg

Алкохолот почнува да ги „вознемирува“ телото и мозокот дури и при најмала внесена количина. Молекулите на алкохолот минат низ дигестивниот систем многу лесно и во целост се апсорбираат. Затоа се препорачува да не консумирате алкохол на гладно.

Но, што точно се случува во вашето тело?

Се менува миризбата

Алкохолот може да предизвика да мирисате чудно и непријатно, а особено го менува мирисот на здивот. Поради иритацијата во дигестивниот систем, од вашето тело се ослободуваат гасови со невообичаен мирис.

Намален имунитет

Вистина е, дури и најмалата количина алкохол го менува вашиот имунитет. Затоа и после пијанство полесно се разболувате, настинувате или имате секреција од носот.

7-grozni-i-neprijatni-neshta-shto-se-sluchuvaat-so-vasheto-telo-po-prvata-goltka-alkohol-04.jpg

Сува кожа

Површинскиот слој на кожата може да се искуши доколку извесен период консумирате алкохол, кој е диуретик и влијае врз хидратацијата на телото.

Гасови и лошо варење

Освен што мамурлукот може да биде проследен со повраќање, дигестивните нарушувања настануваат и додека пиете. Затоа може да почувствувате дека ви недостига вода или друга хранлива состојка и да чувствувате дека стомакот ви е преполн со гасови.

7-grozni-i-neprijatni-neshta-shto-se-sluchuvaat-so-vasheto-telo-po-prvata-goltka-alkohol-02.jpg

Потење

Алкохолот ја забрзува циркулацијата, па поради тоа кога пиете ви е потопло, се зацрвенувате и зачестено се потите.

Киселини и печење во хранопроводот

Поради иритацијата што ја создава во дигестивниот систем, многу е веројатно дека ќе почувствувате печење во хранопроводот, како последица на желудочните киселини.

7-grozni-i-neprijatni-neshta-shto-se-sluchuvaat-so-vasheto-telo-po-prvata-goltka-alkohol-03.jpg

Зачестено уринирање

Навистина не е забавно често да одите во тоалет, но имајте на ум дека алкохолните пијалаци се и диуретици кои го зголемуваат излачувањето на урината. Поради ова, може да се случи и да дехидрирате.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg