Најчестите прашања поврзани со депресија и нивните одговори
Депресијата е често нарушување на расположението со кое сè почесто луѓето се соочуваат.
Депресијата може да ги отежни дури и најобичните секојдневни активности и да стане сериозен проблем, без воопшто да бидете свесни, а се случува на секоја возраст, независно од полот.
Чувството на безнадежност, тага, иритантност и намалена енергија, покрај многуте симптоми, влијаат на тоа како размислувате и се справувате со дневните активности, како спиење, јадење и работење.
Но, на многумина не им е доволно познат поимот депресија и имаат многу прашања за оваа тема.
За подобро да разберете, ви нудиме одговори на неколку најчесто поставувани прашања за депресијата:
Дали постојат повеќе типови на депресија?
Иако клиничката депресија е типот за кој најмногу се зборува, сепак не е единствениот тип на депресија на кој луѓето се жртва.
Постојат различни видови на депресија, некои од нив може да се појават и кај луѓе кои немале таква историја, но преживеале загуба, траума, или имаат некое хронично заболување.
Во овие случаи депресијата може да не е очигледна, но постојат начини да се открие и не сите типови на депресија се поврзани со луѓе кои не сакаат да се грижат за себе, се запуштаат или имаат самоубиствени мисли.
Дали може да бидете престари за депресија?
Депресијата не е никако поврзана со годините, и само затоа што изгледате веќе возрасно и старо за депресија, тоа не значи дека не може да ви се случи во било која фаза од животот.
Кои се знаците на депресија кои сите ги занемаруваат?
Еден од начините е да се разликува чувството на тага и депресија. Но, има неколку знаци кои може да укажуваат на депресија, како неспособност и потешкотии при носење одлуки, губење самодоверба во себе, индиферентност кон работи за кои претходно постоела пасија, зголемена иритантност кон сите во околината, недостаток на внимание и многу други работи кои влијаат на квалитетот на животот.
Дали може да бидете во депресија без да знаете зошто?
Многу луѓе кои патат од депресија не можат да знаат точно кога ја почувствувале, зошто и како.
За оние кои им се блиски ова може да биде фрустрирачко, бидејќи може да се случи одеднаш или може да се случува постепено. Затоа е добро да се обрнува внимание на знаците.
Дали е можно да се надмине само од себе?
Оние кои патат од депресија многупати слушаат фрази како „само премини преку тоа“ од блиските, но тоа не е толку лесно и не е нешто што се решава со една собиранка со пријателите.
Зависно од нивото на депресијата, заедно со консултација од стручно лице, личноста можеби ќе може да употребува техники кои најдобро функционираат на неа како индивидуа, но најчесто е неопходна помош од психотерапевт или друг начин на лекување.
М. М. | Црнобело