Социјализацијата е само дел од тоа: Зошто празниците ве изморуваат?
Новогодишните и божикните празници е убав период за поминување повеќе време со семејството и најблиските пријатели, со вкусна храна и создавање прекрасни спомени.
Теоретски, ви се чини дека празниците се идеално време за да се одморите од секојдневието, но некаде при крајот сфаќате дека всушност сте поуморни отколку што бевте претходно.
На што се должи сето тоа?
Сите одговори лежат во физиолошките процеси кои се случуваат во вашето тело. Најпрво, се лачат адреналин и ендорфин поради пријатната атмосфера помината со најблиските. Нема сомневање дека кафето што го пиете со пријателите е многу попријатно отколку паузите на работа, а дека ручекот со родителите е многу поубав отколку деловните.
Но, во исто време, јадете и калорична храна, десерти, пиете по некоја чашка алкохол и го ставате своето тело во состојба на шок. Тоа најпрво треба да создаде доволно ензими за да може метаболизмот да се справи со целата таа храна.
Истовремено, освен што ви е пријатно, вашето тело се изморува од тоа темпо и едноставно, „бара“ од вас да го вратите во вообичаениот ритам.
За среќа, не поминува долго време додека тоа да се случи и празничниот замор поминува кратко откако ќе се вратите на редовниот динамичен начин на живеење.
Е. Д. | Црнобело