Сè што треба да знаете за аурата на мигрената
Мигрените може да бидат предизвикани од најразлични фактори и тригери, но заедничко за секој вид мигрена е што се манифестира со ужасна болка, заматен вид, гадење и намалени моторички способности.
И додека кај едни луѓе мигрената се појавува без предупредување, кај други може со часови да бидат присутни симптоми и таканаречената аура, според која оние кои страдаат знаат што им следува.
Според неодамнешни истражувања на Американската академија за неврологија, аурата освен што предизвикува пречувствителност сензорни и моторни дразби, може да биде и доста опасна ако правилно не се третира.
Кај оние кај кои аурата се појавува како брановидни линии или како светлински трепкач, проследено со заматен вид или слепи точки, може да се случи да се појави и тахикардија или друга форма на неправилно отчукување на срцето. Во едни случаи може да чука забрзано, а постојат и такви кога се намалува пулсот и срцето работи многу бавно. Според медицината, во овие ситуации се зголемува и ризикот од мозочен удар.
Во најголем дел од случаите, аурата се појавува кратко пред да настане мигрената. Доколку тоа е случај и кај вас, за жал, припаѓате на оние лица со хронична мигрена, кои имаат зголемен ризик за кардиоваскуларни заболувања.
Затоа и морате да ја третирате мигрената со лекови наменети за тоа, најдобро препишани од специјалист. Навистина нема потреба да се изложувате на долготрајна болка, знаејќи дека со тоа ви е загрозено и општото здравје.
Кај оние кај кои болката доаѓа нагло, како силен удар со чекан, ризикот е значително помал.
Е. Д. | Црнобело