Запознајте ја девојка што е алергична на зима, а живее во Канaда
21-годишната Аријана живее на место каде температурите се симнуваат и 40 степени под нулата и тоа го влошува проблемот.
Некои на шега знаат да прокоментираат дека се алергични на студеното време и зимата, но една девојка навистина е.
21-годишната Аријана Кент од Канада страда од состојбата уртикарија, предизвикана од ладно, што значи дека самиот контакт со нешто ладно - од ладен ветер до ладна вода може да направи таа да заврши во болница.
Оваа автоиумна болест ѝ предизвикува осип по целото тело со црвени пликови кои ја чешаат, а може да дојде и до анафилактичен шок. Во најлошите периоди од нејзината состојба на Аријана ѝ се случувало и по три пати во текот на еден месец да заврши во болница поради сериозноста на симптомите.
Таа вели дека кога ќе каже дека е алергична ладното, многу луѓе не ѝ веруваат затоа што не знаат дека тоа постои.
Најлошото од сето ова е што Аријана живе во Канада, каде температурите паѓаат и до 40 степени под нулата. Во такви денови таа задолжително останува во добро загреани простории.
Алергиската реакција ѝ започнува со најмали топчиња осип кои потоа се зголемуваат и на крај може да изгледа како целото тело да ѝ е отечено. Целата кожа ја гори и чеша. Ѝ се затвора и грлото и ако не добие медицинска помош може да биде фатално.
Симптомите ѝ се појавиле на 14-годишна возраст. Вели дека животот би ѝ бил полесен ако луѓето околу неа ја разберат нејзината состојба.
Прочитајте и „Месечево дете“: Момче е толку алергично на сонце, што мора постојано да носи костим!
С. С. | Црнобело