8 изненадувачки причини зошто имате акни на грбот

Акните сами по себе се фрустрирачка појава, без разлика на кој дел од телото и да се појават. Особено нервираат оние на грбот.

8-iznenaduvachki-prichini-zoshto-imate-akni-na-grbot-01.jpg

Овие акни може да се појават и по пубертетот и се многу потешки за третирање за разлика од оние на лицето.

Но, дали некогаш сте се запрашале зошто имате акни, иако мислите дека не правите ништо погрешно?

Има осум главни причини за тоа:

1. Кожата е склона на акни

Некои луѓе, за жал, доживотно се склони кон акни, поради зголемено лачење масла, насобирање на мртви клетки или бактериски инфекции.

Кожата на грбот всушност е тенка и нежна и лесно може да се затнат порите. Исто така, горниот дел на телото има повеќе лојни жлезди, со што се зголемува и потенцијалот за затнување на порите.

2. Производите за нега на коса

Козметиката за коса може да биде причинител за појавата на акните, особено регенераторот. Ако не се измиете добро, регенераторот може да ги затне порите, особено ако е со поголем процент на масла во него. Бидете секогаш сигурни дека добро сте се исплакнале.

8-iznenaduvachki-prichini-zoshto-imate-akni-na-grbot-02.jpg

3. Нетемелно туширање по тренинг

Без разлика што и да тренирате, потта и допирот со честички од облеката исто така ги полни порите со нечистотии.

По тренинг треба добро да се истуширате, па дури и да направите пилинг на целото тело еднаш неделно.

4. Не ја перете редовно спортската опрема

Можеби не се испотивте многу и заклучивте дека можете да ја носите истата маичка и следниот тренинг? Ова е лоша одлука од повеќе аспекти, бидејќи телото сепак излачило одредена количина на пот, која пак е полна со токсини.

Повторното облекување врз чиста кожа може само да создаде проблеми. Секогаш имајте повеќе маички за вежбање, за да ги избегнете овие ситуации.

5. Тесна облека или тежок ранец

Тесната облека и тешките ранци имаат едно заедничко нешто - се лепат за вашата кожа и ја тријат, а тоа може да предизвика најразлични проблеми со кожата, меѓу кои и акни.

Акни може да се појават и на местата каде стојат прерамките од градниците кај девојките. Решете го проблемот со тоа што ќе носите облека од природни материјали која не е залепена за вас, доколку за тоа нема потреба.

8-iznenaduvachki-prichini-zoshto-imate-akni-na-grbot-03.jpg

6. Кремите со заштитен фактор

Тие се ваш најдобар сојузник против УВ-зрачењата, но само доколку го изберете вистинскиот производ.

Имајте на ум дека кремите со заштитен фактор имаат потешка структура која лесно ги затнува порите. Изберете производ кој е специјално формулиран за кожа склона кон акни.

7. Јадете премногу млечни производи и јаглехидрати

Спротивно на популарното верување дека мастите создаваат акни, всушност поголеми виновници се млекото и јаглехидаратите, односно храната со висок гликемиски индекс.

Тука спаѓаат и белиот леб, чипсовите, компирите и сите индустриски произведени десерти.

За млекото и неговата поврзаност со појава на акни постојат одредени сознанија, но тоа поле сè уште се истражува.

8. Хормонален дисбаланс

Хормоните и нивниот нарушен баланс се причинители на многу заболувања и нарушувања. Зголеменото ниво на тестостерон е една од причините, како и намалениот естроген.

Токму поради тоа и кај жените се појавуваат повеќе акни неколку денови пред почетокот на менструалниот циклус, бидејќи во тој период естрогенот е благо опаднат.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Зошто се појавуваат акни на грбот и како да ги исчистите? Знаете ли дека честото носење ранец на грбот може да предизвика појава на акни к...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg