Велнес трикови кои можете да ги научите од традициите на другите држави
Секоја култура има и свои велнес традиции кои им помагаат на луѓето да живеат здрав и исполнет живот и физички и ментално.
Доброто во сето тоа е што можете лесно да ги применувате и да бидете здрави и фит, но и да напредувате духовно.
Па така, може да научите и примените:
Од Индија - медитацијата
Медитацијата освен што го чисти и фокусира умот, помага и да го обновите здравјето на клеточно ниво, да го намалите крвниот притисок, да издржувате болка и да се ослободите од депресијата.
Од Кина - акупунктурата
Акупунктурата е популарна секаде во светот. Овој кинески метод гарантира подобро кардиоваскуларно здравје, намалување на вишокот килограми, поздрав нервен систем и поквалитетен сон.
Од Грција - медитеранска диета
Медитеранската диета, односно исхрана, се фокусира на свежи овошја и зеленчуци, на штотуку уловена риба, на домашно пилешко, печива и тестенини од интегрално брашно и маслиново масло.
Од Јужна Америка - мате чајот
Мате чајот се произведува од сушеното растение јерба нате. Тој е прогласен за официјална национална напивка на Аргентина. Содржи антиоксиданси и кофеин и има пријатен вкус.
Од Русија - бањата
Руските бањи се популарни кај Русите кои сакаат да согоруваат калории, да го подобрат изгледот на кожата, но и да го зајакнат имунитетот. Слични се на класичната сауна, но добивате и третман со „тепање“ со букет од билки и лековити растенија.
Од Јапонија - енергизирачките дремки
Во последните години, многу јапонски фирми им дозволуваат на вработените да дремнат 30 минути во периодот меѓу 13 и 16 часот, кога и да имаат потреба од тоа.
Од Холандија - возењето велосипед
Велосипедите се првата асоцијација за Холандија. И не е ни чудно, бидејќи 31% до луѓето ги користат велосипедите како основно превозно средство. Освен што се грижат за зачувување на околината, тие придонесуваат и за сопственото здравје на тој начин.
Е. Д. | Црнобело