Модел објави вознемирувачко видео од епилептичен напад за да ја поткрене јавната свест

Софи сака да ја прикаже „невидливата“ страна на епилепсијата. Вели дека луѓето едноставно не ја разбираат.

model-objavi-voznemiruvachko-video-od-epileptichen-napad-za-da-ja-potkrene-javnata-svest-01.jpg

Софи Вилсон Смит е 24-годишен модел од Лондон и таа направи храбар потег за да ја поткрене јавната свест за епилепсијата.

На социјалните мрежи објави видео на кое доживува епилептичен напад. Нападот е краток и „едноставен“, но за неа тоа понекогаш е застрашувачко и иако трае само неколку секунди или минути вели дека чувствува како срцето да ќе ѝ излезе од градите. Додека се случува нападот вели дека е несвесна за околината.

Софи не знаела дека ја имаа оваа состојба се додека немала страшен напад во април 2017 и по низа тестови во летото 2018 официјално ѝ била дијагностицирана епилепсија, невролошка состојба која предизвикува напади поради ненадејна интензивна електрична активност во мозокот.

model-objavi-voznemiruvachko-video-od-epileptichen-napad-za-da-ja-potkrene-javnata-svest-02.jpg

Видеото го објавила со цел да им покаже на луѓето дека има различни типови на напади и дека епилептичните напади не секогаш изгледаат како оние типичните што го гледаме на телевизија, каде луѓето паѓаат на земја и се тресат.

Нападите што таа ги искусува се речиси незабележителни за неа, додека таа полудува однатре и се чувствува многу осамено. Вели дека во тие мигови искусува потешкотии со говорот, проблеми со видот и конфузија.

Видеото на Софи за невидливата страна на епилепсијата:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...
Папочна кила кај бебиња и мали деца: Како да ја препознаете и како се третира? Главниот знак на папочна кила е видлива испакнатина под кожата околу папокот. Та...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Брз тест со кој ќе го проверите ризикот од рана смрт – Колку долго можете да стоите на една нога? Според тест на National Health Service од Англија, луѓето на возраст до 50 годин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg