4 најлоши утрински навики кои прават нездрава личност од вас

Сте забележале ли дека кога спиете доволно и добро се будите одморени и следниот ден функционирате беспрекорно? Кога утрото ви е хаотично, дали следните неколку часа се чувствувате уште полошо и понапнати?

4-najlosi-utrinski-naviki-koi-pravat-nezdrava-licnost-od-vas-01.jpg

Начинот на кој го започнувате секој ден означува како истиот ќе се одвива во останатите часови.

Дали сте жртва на овие 4 лоши утрински навики кои го влошуваат вашето здравје?

Јадете десерт за појадок

Слатки вафли, зашеќерен корнфлекс, мафини, палачинки, до колачиња и торти – го пронајдовте вашиот појадок во оваа категорија? Сите овие работи се преполни со шеќери и јаглени хидрати.

Иако, мора да признаеме, се примамливи и многу вкусни, откако ќе го почувствувате напливот енергија од шеќерот, падот од истиот доаѓа многу побрзо откако што очекувате и започнувате да чувствувате нервоза и глад за повеќе храна.

Решението за овој проблем? Заменете ги утринските десерти со здраво смути. Овошјето ќе ја задоволи вашата желба за слатко, а може да додадете и зеленчук во истото, како и здрави масти и протеини кои доаѓаат од кокосовото млеко, колагенот, јогуртот и други здрави додатоци.

Упорно појадувате, иако не сте гладни

Задоени сме со помислата дека „појадокот е најважниот оброк во текот на денот“ и за многумина ова претставува лична вистина. Други пак преферираат да не појадуваат толку рано наутро, а сепак се принудуваат да каснат нешто со цел да ја оправдаат почетната констатација.

Најдобриот совет би бил да го слушате сопственото тело и неговите потреби. Доколку сте од оние кои едноставно немаат желба и побитно – потреба да појадуваат обилно рано наутро, не правете го тоа.

Го прескокнувате утринското вежбање

Тешко е да се натерате да вежбате рано наутро, особено за време на зимскиот период. Ова е сосема разбирливо. Но, дури и да немате елан и енергија за утринско трчање, возење велосипед или вашата утврдена рутина на вежбање, доволно е да го навиете алармот 20 минути порано и добро да се истегнете.

Најважното е да го хидрирате телото со чаша вода по долгото спиење и да циркулира крвта. Ќе забележите промена во вашето расположение и однесување, а оваа мала здрава навика води до подлабок и поквалитетен сон.

Доколку сепак се решите да вежбате наутро, имајте предвид дека утринскиот тренинг го забрзува метаболизмот, троши повеќе калории во текот на денот и ви ја зголемува продуктивноста. Воедно, ќе направите многу попаметен и поздрав избор кој се однесува на оброкот кој го опфаќа ручекот.

Пиете кафиња кои заменуваат 1/3 од дневниот внес на калории

Трендовите од модерните развиени земји конечно дојдоа и кај нас – утрински топли напитоци со додатоци од типот на кондензирано млеко, слатки зачини преполни шеќери, масла со различни вкусови кои го збогатуваат вкусот на кафето, кремови, сирупи итн.

Иако можеби вкусот е божествен, она што сите го игнорираме е фактот што ваквите кафиња содржат 1/3 или ¼ од калориите кои ви е дозволено да ги изедете во текот на денот.

Замислете, не сте каснале уште ништо во облик на храна, а веќе сте ги „испиле“ калориите наменети за појадокот и половина од ручекот. Целиот овој шеќер ќе ве остави уште погладни, а доколку ја направите грешката и испиете 2, тогаш навистина денот ќе и тргне наопаку.

Наместо вакви видови на кафиња одберете поздрава варијанта – црно кафе со малку кокосово масло или путер и додатоци од типот на цимет кои не содржат дополнителни шеќери.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg