Лек од 10 секунди којшто ќе ве спаси од главоболка предизвикана од напнатост
Доколку често имате главоболки, многу веројатно е дека имате премногу тензија во мускулите на рамениците, вратот, а особено мускулите на вашата вилица. Оваа тензија може да доведе до чести и силни главоболки.
Ќе се изненадите кога ќе дознаете дека за да се ослободите од оваа главоболка предизвикана од тензија во мускулите не ви се потребни апчиња, туку едноставна масажа од само 10 секунди. Потребна ви е масажа на масетеричниот мускул.
Масетеричниот мускул е дебел мускул којшто ја поврзува коската на вилицата со коската на образите и игра главна улога при џвакањето. Доколку ја стискате вилицата кога сте под стрес, постои голема веројатност дека премногу ќе го напрегнете масетеричниот мускул.
Затегнатоста на овој мускул предизвикува верижна реакција кај мускулите на главата, односно создава тензија и на мускулите на вратот и целата глава, вклучувајки ги и мускулите на подножјето на черепот, што се манифестира со главоболки.
Како да направите масажа на масетеричниот мускул?
1. Поставете ги врвовите на прстите на масетеричниот мускул.
2. Потоа, отворете ја вилицата колку што можете повеќе.
3. Затворете ја устата, повторете го ова додека не почувствувате дека се ослободил мускулот.
4. Тоа е сè.
(О)Милена | Црнобело