Што ќе му се случи на вашето тело ако живеете една седмица без стрес?
Само една седмица релаксираност и смирен ум ќе направи чуда за вас.
Без разлика колку сметате дека сте отпорни, стресот е нешто што лесно може да завладее со вас.
Од притисоците на работното место поради преголемиот број на работни задачи, а премалата плата, до притисокот успешно да жонглирате со обврските околу домот, партнерот и децата, на крајот од денот неретко сите сме комплетно истоштени.
Стресот е начин на реакција на нашето тело на барањата и заканите со кои се соочуваме, но премногу стрес е штетно за нашето здравје.
Докторите откриваат какви промени ќе ви се случат ако живеете една седмица без стрес:
1. Подобро ќе спиете, нема да ви биде нарушен балансот помеѓу сонот и будноста и нема да бидете истоштени во текот на денот.
2. Подобро ќе се храните, затоа што нема да имате стресни мигови кога за да се смирите посегнувате по нездрава храна за утеха.
3. Ќе ви се подобри менталното здравје и нема да се соочувате со анксиозност и депресија, ќе имате бистар ум за да носите вистински одлуки.
4. Ќе имате помалку срцеви проблеми, затоа што ќе ви се лачи помала количина на хормонот кортизол, кој му штети на срцето.
5. Ќе имате поголема продуктивност и ќе престанете да занемарувате важни аспекти и забавни активности, само затоа што немате енергија за тоа бидејќи сте под стрес.
С. С. | Црнобело