Како ефикасно да се заштитиме од сезонскиот грип?

Пред нас e период од годината кога особено внимание треба да посветиме на својот имунолошки систем. Наглите промени на времето, со температурни разлики од 20 и повеќе степени,  високите температури за овој период од годината се причина за развивање на различни вируси, од кои најчеста е појавата на грип.

kako-efikasno-da-se-zastitime-od-sezonskiot-grip-1.jpg

Оваа нималку безопасна болест ги зафаќа сите земји во Европа и опасноста од заболувањето трае неколку месеци. На ширењето на вирусот на грипот позитивно влијае престојот на луѓето во затворени простории и слабата вентилација, што е случај токму во текот на зимата.

Дека грипот не е безопасна болест зборува податокот на СЗО дека од него секоја година заболуваат просечно пет милиони лица, а од последиците смртно страдаат се поголем број луѓе. Секоја година над 650.000 луѓе во светот умираат поради компликации од грип. Околу 10% од овие смртни случаи се во Европа. Според експертите од СЗО, многу од овие животи може да се спасат со едноставна акција: вакцинација против сезонски грип. Годишно, најмалку 30 милиони луѓе во Европскиот регион на СЗО одлучуваат да се вакцинираат против грип. Секој кој е на возраст над 65 години, има здравствени проблеми, e бремена жена или е здравствен работник треба да биде еден од нив.

Вирусот на грип се пренесува преку капките исфрлени во текот на кивањето или кашлањето. Симптомите како што се болки во грлото, суво кашлање, затнат нос, грозница со температура и до 40 степени целзиусови, болки во мускулите и зглобовите, главоболка, губење на апетитот и општа слабост на телото, се јавуваат ден или два откако лицето ќе се зарази. Често доаѓа и до отежнато дишење.

Доколку нема поголеми компликации, температурата трае три до пет дена, а болеста завршува после седум до десет дена.

Што советуваат медицинските експерти?

Вакцинацијата против грип е најефективниот начин за спречување на болеста и нејзините тешки форми, а кои можат да доведат и до хоспитализација и смрт. Покрај тоа, грипот, има сериозни социо-економски последици и предизвикува трошоци и за здравствениот систем и за секој граѓанин поединечно. 

Четиривалентните вакцини против грип кои македонското Министерство за Здравство ги набави од реномираната француска компанија Санофи Пастер обезбедуваат најдобра можна заштита од грип, бидејќи ги содржат и двете коциркулирачки линиина грип тип Б. До сега, вакцините против грип беа тривалентни, што значи дека заштитувале од 3 вида на грип: два од типот А и еден од тип Б. Употребата на четиривалентни наместо тривалентни вакцини против грип вo Европа може да доведе до дополнително намалување на 1,6  милиони случаи на грип, 37.300 хоспитализации поврзани со грип, 14.800 смртни случаи поврзани со грип. 

Вакцинацијата работи како "мамка" му овозможува на имунолошкиот систем да создаде природна одбрана против специфичен патоген. Со презентирање на делови од патогенот кои не се агресивни, но се неопходни за препознавање од страна на имунолошкиот систем, вакцината му помага на телото да се подготви за изложувањето на природната инфекција подоцна. Бидејќи вакцинацијата ја спречува инфекцијата на прво место (наместо лекување на инфекцијата), од страна на СЗО се смета дека тоа е најефикасната заштита против грипот и најважната алатка за намалување на епидемиите. 

За време на епидемии на грип, едноставни рефлекси како што се покривањето со раце при кашлање и кивање, редовно миење на рацете и избегнување престој во затворен простор со болни, исто така, се покажаа како активности кои се ефикасни во ограничувањето на ширењето на грипот. 

kako-efikasno-da-se-zastitime-od-sezonskiot-grip-2.jpg

kako-efikasno-da-se-zastitime-od-sezonskiot-grip-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Како се пренесува птичјиот грип и колку е опасен за луѓето? Птичјиот грип е болест која е присутна кај птиците, но може да се пренесе и на л...
Папочна кила кај бебиња и мали деца: Како да ја препознаете и како се третира? Главниот знак на папочна кила е видлива испакнатина под кожата околу папокот. Та...
Брз тест со кој ќе го проверите ризикот од рана смрт – Колку долго можете да стоите на една нога? Според тест на National Health Service од Англија, луѓето на возраст до 50 годин...
4-те најчести митови за менопауза во кои не треба да верувате Дебелеењето е неизбежно и менопаузата значи дека сте стари – во кои митови за ме...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg