Пеење, доволно витамин Д и уште неколку начини за подобрување на капацитетот на белите дробови

Дишењето е сосема природен рефлекс, но често не ни забележуваме ако не успеваме да вдишеме со полн капацитет на белите дробови.

peenje-dovolno-vitamin-d-i-ushte-nekolku-nachini-za-podobruvanje-na-kapacitetot-na-belite-drobovi-01.jpg

За да бидете сигурни дека дишете „со полни гради“, треба да имате редовни физички активности, да правите вежби за дишење, да бидете сигурни дека внесувате доволно витамин Д, па и малку да пеете.

Ниту една од тие активности не е тешка, а многу ќе ви помогне во правилното дишење.

Престанете со пушење цигари

Како што и очекувавте, цигарите се на прво место на оваа листа. Катранот, никотинот и чадот прават големи штети на белодробното ткиво. Со самото тоа, ве спречуваат да дишете со целосен капацитет. Според некои статистички податоци, по само 9 месеци откако ќе ги откажете цигарите, капацитетот на белите дробови се зголемува за 10%.

peenje-dovolno-vitamin-d-i-ushte-nekolku-nachini-za-podobruvanje-na-kapacitetot-na-belite-drobovi-02.jpg

Правете вежби за дишење

Наједноставната, а и многу ефикасна е длабокото дишење. Вдишете воздух максимално колку што можете. Задржете 10 секунди и издишете. За правилно изведување потребно е грбот да биде исправен, независно дали стоите или седите.

peenje-dovolno-vitamin-d-i-ushte-nekolku-nachini-za-podobruvanje-na-kapacitetot-na-belite-drobovi-03.jpg

Земајте доволно витамин Д

Кога надвор е сончево, телото лесно го синтетизира овој витамин. Но, кога извесен период нема сончеви денови, потребно е да го земате додатоци во исхраната со витамин Д, како и да јадете доволно риба, јајца и чисто црвено месо.

peenje-dovolno-vitamin-d-i-ushte-nekolku-nachini-za-podobruvanje-na-kapacitetot-na-belite-drobovi-06.jpg

Пејте

Пејачите имаат навистина завиден капацитет на белите дробови. Не мора да сте талентиран музичар за да си помогнете на овој начин. Ако веќе пеете додека се туширате, сте завршиле одлична работа.

peenje-dovolno-vitamin-d-i-ushte-nekolku-nachini-za-podobruvanje-na-kapacitetot-na-belite-drobovi-09.jpg

Активирајте се

Кога вежбате, придонесувате во вашето тело да се врши побрза размена на јаглеродниот диоксид со кислород. Благодарение на тоа, ќе имате потреба што подлабоко да вдишувате, а со тоа и да го подобрите својот белодробен капацитет.

peenje-dovolno-vitamin-d-i-ushte-nekolku-nachini-za-podobruvanje-na-kapacitetot-na-belite-drobovi-04.jpg

Стојте исправено

Правилното стоење не предизвикува никаков притисок меѓу белите дробови и внатрешните органи. Затоа, внимавајте на својот став.

Подобрете го квалитетот на воздухот дома

За жал, не можете да направите ништо со загадувањето надвор, сè додека не се покрене свесноста на мнозинството. Но, додека да се случи тоа, можете да набавите прочистувач или да одгледувате собни растенија кои го прочистуваат воздухот (списокот го имаме тука). Бидете сигурни и дека редовно проветрувате кога воздухот надвор е чист.

peenje-dovolno-vitamin-d-i-ushte-nekolku-nachini-za-podobruvanje-na-kapacitetot-na-belite-drobovi-08.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Симптоми кои укажуваат на недостиг на витамин Ц и како да се справите со овој проблем, според експер... Постојат 2 начини за зголемување на нивото на витамин Ц во крвта, но внимавајте ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Колку крем за сончање треба да нанесете за да спречите изгореници, според дерматолог? Ставате ли доволно крем за сончање? Колку крем треба да нанесете и кога, според ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg