7 зимски фактори заради кои изгледаме постаро кога надвор е ладно
Кога надвор ќе залади, имаме чувство дека сè околу нас станува тмурно и безживотно. И самите ние не сме исклучок.
Истражувањата покажале дека луѓето во есен и зима, во просек, изгледаат околу 5 години постаро од својата вистинска возраст.
Од кои фактори зависи ваквата промена на физичкиот изглед?
Сува кожа
Сувата кожа околу очите, носот и устата е најголемиот проблем заради кој изгледате барем неколку години постари од вообичаено. Во зима, невозможно е кожата да ви „сјае“ како во лето, па затоа делувате уморно.
Разлетана, сува коса
Сувата коса е неизбежна во студените месеци, со оглед на тоа што струи ладен воздух и ветер. Борбата со разлетаната коса е чест проблем, па затоа при рака секогаш имајте чешел, средство кое ќе го намали електрицитетот и не заборавајте на соодветната нега со маски и регенератори.
Потечени подочници
Темните кругови околу очите и потечените перничиња се за цели 82% повидливи кога надвор е студено. Исончаниот тен кој инаку го имаме во лето, во зима полека избледува, а на бледа кожа многу појасно се гледаат сите несовршености.
Зимска боја на облека
Докажано е дека жените кои сакаат да носат исклучиво темни бои во зима, вклучувајќи ја и темната шминка на лицето, изгледаат многу повозрасно. Затоа, не е лошо да купувате топла облека во посветли и живи бои.
Намалување на хормонот на среќа
Очигледниот недостаток на витамин Д го намалува лачењето на хормонот на среќа и задоволство, па затоа чувството на меланхолија, депресивност и анксиозност се многу почести кога надвор е студено. А, недостатокот на насмевка на лицето ве прави во просек 5 години постари.
Глад
Во зима се согласуваме на секакви калорични задоволства и храна која сметаме дека ќе ни го поправи расположението, додека во лето имаме желба за свежа и студена храна. Нездравата храна по која тежнееме во зима често е причината за сите брчки и оштетувања на кожата.
Недостаток на активности
Колку што станува пократок денот, толку нашите желби за активности се намалуваат. Прескокнувањата на тренинзите во зима се многу почести, а истото важи и за другите физички и психички активности. Во студените денови преферираме работи кои ни го „исклучуваат“ мозокот и тоа несвесно прави предвремено да старееме.
М. Д. | Црнобело