7 работи кои ги допирате секој ден, а можеби сте алергични на нив без да знаете
Голем процент од луѓето се алергични на предмети и материјали со кои се во контакт секој ден, а сепак не се свесни за последиците.
Откриваме 7 работи на кои можеби кожата и телото ви реагираат негативно, а досега не сте ни претпоставувале дека се работи за алерија:
1. Смартфони и таблети
Звучи смешно да си алергичен на модерната технологија, но ако во текот на денот ви се појавува постојано чувство на чешање и пецкање на рацете, ушите и образите, веројатно се работи за ваков тип на алерија.
2. Копчиња од панталони
Никелот кој го има во металните копчиња на панталоните може да предизвика алергиски реакции како чешавица и лишаи по кожата.
3. Месо
Дури и најмалата количина на месо може да ви предизвика кивавица и течење на носот, без да знаете дека тоа е алергиска реакција.
4. Сончева светлина
Кој би рекол дека може да сте алергични на сончевата светлина? Обично симптомите се пецкање, чешање, сувост и пукање на површината на кожата која е изложена на дневна светлина.
Па, ако подолго време не можете да откриете зошто кожата ви е сува, а ја негувате правилно, можеби треба да ја проверите оваа опција.
5. Пот
Вистина е дека телото може да биде алергично на сопствената пот. Обично симптомите не се страшни и болни, па најчесто исчезнуваат по измивање на телото со вода.
6. Кожен материјал
Сега кога почнува сезоната на кожени јакни е идеално време да тестирате дали сте алергични на овој материјал.
Ако чувствувате непријатна топлина, пецкање и чешање кога ќе допрете кожена јакна или кожени чизми, тогаш заменете ги со друг материјал.
7. Книги
Колку и да ви се допаѓа мирисот на тазе печатена книга, тој може да ви создаде главоболка и мачнини. Исто така, ако сте хиперсензитивни на прашина, попаметно е да читате онлајн книги.
М. Д. | Црнобело