5 работи кои не треба да ги јадете и пиете кога сте настинати и болни
Иако најверојатно не ви е воопшто дојдено до јадење кога сте болни, сепак нешто мора да се пие или јаде, за да се подобри здравјето.
За жал, има одредени типови на намирници коишто може да ви го влошат здравјето додека сте настинати или многу болни:
Кафе
Кога треба да се избегнува: Кога сте болни, особено доколку имате тегоби во желудникот.
Зошто ќе се чувствувате полошо: Кофеинот е диуретик и ќе ве тера почесто да мокрите, а кога сте болни лесно може да дојде до дехидратација на организмот. Ова е лошо, бидејќи кога сте болни на телото му треба хидратација за да може да се бори подобро со болестите.
Кофеинот е уште полош кога болеста предизвикува повраќање или пролив, бидејќи тој ќе доведе до дополнително губење на телесната тежина, а пиењето кафе додека имате стомачни проблеми може да ги зголеми грчевите во стомакот и да предизвика уште појака дијареја.
Сок од портокал
Кога треба да се избегнува: Кога имате кашлица или главоболка.
Зошто ќе се чувствувате полошо: Сокот од портокал е многу освежителен заради својата киселост. Но кога кашлате или ви е надразнето грлото, портокалот може да ги зајакне симптомите. Портокалот содржи лимонска киселина којашто дополнително ги дразни слузните канали на веќе воспаленото грло.
Слатки
Кога треба да се избегнува: Кога сте болни, особено доколку имате тегоби во желудникот.
Зошто ќе се чувствувате полошо: Шеќерот може привремено да ја потисне способноста на белите крвни зрнца да се борат против бактериите и инфекциите.
Неколку часа откако ќе изедете слатки, вашиот имунитетски систем станува послаб, а со самото тоа ослабнува и неговата борба против бактериите и вирусите.
Газирани сокови
Кога треба да се избегнува: Ако сте болни.
Зошто ќе се чувствувате полошо: Исто како и кафето, газираните сокови можат да предизвикаат дехидратација. Дополнително, големите количини на шеќер во соковите го ослабнуваат имунитетот.
Соковите содржат вештачки засладувачи коишто во голем дел се всушност големи молекули кои не можат да се разложат и затоа потешко се варат, а тоа може да предизвика грчеви и дијареја.
Алкохол
Кога треба да се избегнува: Кога сте болни, особено доколку имате тегоби во желудникот.
Зошто ќе се чувствувате полошо: Исто како и кафето и газираните сокови, алкохолот може да предизвика дехидратација на организмот.
Со оглед на тоа дека кога сте болни организмот е веќе на граница на дехидрираност, алкохолот во крвта многу побрзо ќе расте, па така побрзо ќе се чувствувате пијано. Алкохолот, исто така, може да го забрза варењето, што пак ќе предизвика мека столица и дијареја.
(О)Милена | Црнобело