Причините за главоболката можете да ги откриете по местото на главата каде се појавила

Некои главоболки се резултат на подолга изложеност на промаја или директно на сонце, некои се поради лоши мириси околу вас, а некои поради звуци.

prichinite-za-glavobolkata-mozhete-da-gi-otkriete-po-mestoto-na-glavata-kade-se-pojavila-01.jpg

За некои, пак, ни самите не знаете што ги предизвикува, ниту како поминуваат. Одредени видови главоболки можат да укажуваат на здравствен проблем.

Алармантно е ако болката се појавува како молња и го постигнува максималниот (неподнослив) интензитет за само неколку секунди.

Тоа може да биде знак дека нешто се случува со крвните садови во мозокот и дека треба да посетите лекар.

Ако болката се јавува наутро, може да биде резултат на лошо спиење, 'рчење, губење воздух во текот на ноќта, а во најлош случај резултат на тумор.

За секоја главоболка која не е типична, треба да посетите лекар.

Исто така, обрнете внимание и во кој дел од главата се јавува болката:

Во едната половина од главата

Се работи за мигрена која и не е нешто опасна, но е многу напорна, бидејќи често е проследена со мачнини и преголема чувствителност на звуци, светлина и мириси.

prichinite-za-glavobolkata-mozhete-da-gi-otkriete-po-mestoto-na-glavata-kade-se-pojavila-04.jpg

Како главата да е стегната со обрач

Се работи за тензична главоболка, баш како некој да ве стега во пределот на челото и темето. Најчесто е резултат на стрес и умор.

Болка на едната страна на лицето

Овој тип главоболка е наречен кластер и може да трае со недели, па и месеци.

Некогаш може да поминат и неколку месеци или години до следниот напад.

Се манифестира со заматен вид на едното око, затната една носница, отекување на едниот очен капак, појава на осип и црвенило, а во полошите случаи и делумна парализа на фацијалната мускулатура.

Болка во челото

Најчесто е резултат на воспаление на синусите. Може да почувствувате болка и во јаболчниците на образите.

Во овие случаи аналгетиците нема нешто особено да ви помогнат.

Подобро е да правите инхалација или да се туширате со многу топла вода, за да вдишете од пареата.

prichinite-za-glavobolkata-mozhete-da-gi-otkriete-po-mestoto-na-glavata-kade-se-pojavila-03.jpg

Лоцирана во тилот и темето

Овој тип главоболка може да биде последица на проблеми со 'рбетот, држењето на телото, незгодно спиење или предолго седење.

Најчесто може да ви помогнат вежби за истегнување.

Болка во слепоочниците

Се појавува понекогаш и при мигрени, но најчесто е последица на кочење на виличниот зглоб.

Може да биде проследена и со болка во ушите и отежнато отворање на устата. Посетете и лекар и стоматолог.

prichinite-za-glavobolkata-mozhete-da-gi-otkriete-po-mestoto-na-glavata-kade-se-pojavila-02.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg