Болките во половината укажуваат на вина и срам - кои други емоции се потиснати во вид на мускулни болки во телото?

Нашето тело има тенденција да акумулира одредени типови на емоции. Подоцна, истите тие ни создаваат болка, стрес и напнатост. 9 од најчестите типови на мускулна болка во телото се поврзуваат со одредени видови на емоции.

Koi-emocii-se-potisnati-vo-vid-na-muskulna-bolka-vo-teloto-01.jpg

Откријте какви негативни емоции имате акумулирано во вас, според мускулната болка:

Болка во рамениците = Тегоби и одговорности

Кога чувствуваме дека стресот од животот ни создава тежина, тие чувства ги акумулираме во рамената. Сте слушнале ли за изразот „Чувствувам како целиот свет да го носам на раменици“?

Затегнатоста во рамењата е поврзана со социјалните и емоционалните одговорности, вклучувајќи ги и тежината на грижите за туѓите болки и страдања. Луѓето со изразена емпатија, лекарите и негувателите секојдневно се борат со хронична тензија во мускулите во рамената.

Тензија во вратот = Страв и потиснати изразувања

Тензијата во вратот е често поврзана со проблеми со чакрата во грлото, како што е неможноста да се комуницира јасно или да се биде автентичен и свој покрај другите.

Стравот и анксиозноста, исто така често, се складираат во овој регион, особено како физички одговор на непосредна опасност (бидејќи вратот е ранлива зона) или пак одговор на непознати опкружувања.

Затегнатоста во вратот е, исто така, укажува на проблеми со довербата.

Горниот дел од грбот = Тага

Неискажаната или потиснатата тага може да се натрупа во горниот дел од грбот.

Бидејќи овој дел од телото е блиску до срцето, тој, исто така, е место каде се чуваат емоциите поврзани со љубовни тегоби и губење на блиските. На пример, доколку носите во вас тага за загубата на некој близок, ќе чувствувате болка во овој предел.

Среден дел од грбот = Несигурност и беспомошност

Рефлексологијата ги поврзува болките во средниот дел од грбот со чувствата на беспомошност, безнадежност и несигурност. Доколку чувствувате дека немате поддршка од другите во вашиот живот, најверојатно ќе имате тензија во овој предел од грбот.

Половината = Вина, срам и ништовност

Проблемите во половината често се во корелација со чувството на ниска самодоверба и неприфаќање на себеси. Чувствата како што се вината, срамот па дури и сексуалната неприфатеност или траума, можат да бидат складирани во половината.

Стомакот = Неспособност да се процесираат емоции

Изразот „Не можам да го сварам тоа“ убаво ја опишува тензијата во стомакот. Доколку чувствувате дека вашиот стомак е стегнат или ве боли, можеби се борите да испроцесирате некои негативни (можеби и позитивни) емоции.

Внатрешниот дел од бутовите = Страв од ранливост

Дали сте нервозни и недоверливи во присуство на други луѓе? Доколку се борите со социјална анксиозност, тогаш најверојатно имате болка во внатрешниот дел од бутовите.

Бидејќи нашите нозе се биолошки програмирани да трчаат кога ќе забележиме опасност, стравот кон другите најчесто се складира во овој регион.

Надворешен дел од бутовите = Фрустрација и нетрпеливост

Колку брзо го живеете животот? Колку побрзо и безумно живеете, толку поверојатно е дека ќе имате натрупано енергија од фрустрациите и нетрпеливоста во мускулите на надворешниот дел од бутовите.

Работата и личниот живот, исто така, може да влијаат на тензијата во овој дел од телото.

Бутините = Бес и лутина

Колку често сте морале да се расправате со луѓе коишто се вистински напорни? Лутината и потиснатиот бес, често се трупаат во бутините. Следен пат, кога главата ќе ви зоврие од некого, обрнете внимание дали и задникот ви се затегнува од нервозата.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg