5 природни алтернативи за зголемување на енергијата кај чувствителните личности
Гласниот град, напорните луѓе на работа и секојдневните обврски знаат целосно да ја исцрпат енергијата уште пред да заврши работниот ден.
Уште полошо е што секојдневните додатоци коишто ги консумирате, како што се кафето и енергетските пијалаци, само прават потоа да се чувствувате уште поисцрпено. Без кофеинот ќе се чувствувате слабо и осакатени од исцрпеност, а со кофеинот се чувствувате растреперени, нервозни и лесно избувливи.
Сепак постојат и други алтернативи за енергетско полнење на телото покрај кофеинот:
1. Мака корен
Маката може да се консумира како прашок со смути или корнфлекс, или пак како чај.
Маката е адаптогена, односно билка којашто го поддржува вашиот систем за адреналин. По потекло е од Перу, а таму староседелците го консумираат овој корен веќе илјадници години, како природен подобрувач на енергијата.
Бенефит: Таа се смета и за суперхрана бидејќи покрај тоа што ја подобрува енергијата, исто така, ја подобрува и плодноста, афродизијак е и ги балансира хормоните.
2. Јерба Мате
Јерба Мате е растение по потекло од планините во Бразил, Парагвај и Аргентина. Неговите лисја се жнеат и се користат за стимулација на централниот нервен систем.
Бенефит: Растението не само што ја подобрува енергијата, туку и е полно со антиоксиданти, помага да си ја повратите менталната бистрина, ја зголемува физичката издржливост, го помага здравјето на организмот и дури и помага со слабеењето, бидејќи подолго ви го одржува чувството на ситост.
3. Сенча и Мача зелен чај
Сенча е зелен чај којшто се одгледува во Јапонија и е најпопуларниот чај таму. Се подготвува така што се варат цели лисја од растението.
Бенефит: Ја зголемува енергијата, има големи количества антиоксиданти, го стимулира мозокот, го спушта притисокот, го регулира шеќерот во крвта, има антиинфламаторни својства, ги зајакнува забите, помага при слабеењето и помага при превенција на рак.
Мача зелениот чај е ситно мелен и е традиционален во кинеските и јапонските ритуали кај будистичките свештеници за да се зголеми менталната спремност.
Бенефит: Мача чајот е смирувачки благодарение на неговиот распон од витамини и минерали.
Тој го детоксифицира телото, ги зголемува енергетските нивоа и физичката издржливост, ја подобрува меморијата, помага при превенција на рак, го намалува предвременото стареење и го помага здравјето на срцето благодарение на високото ниво на антиоксиданти.
4. Гинко Билоба
Гинкото се користи илјадници години во традиционалната кинеска медицина. Дрвото Гинко е едно од најстарите познати дрвја во светот и датира уште од пред 270 милиони години.
Бенефит: Гинко Билоба природно ја подобрува вашата енергија и ментална концентрација со тоа што ја подобрува циркулацијата на крвта и го намалува оксидативниот стрес во телото.
Гинкото смирува ПМС, помага при третирање на растројства за нарушена концентрација, лекува главоболка и мигрена и се користи како третман за фибромијалгија. Тоа исто така ја намалува депресијата и анксиозноста.
5. Сурово какао
Какаото не е исто што и чоколадото. Какаото е ферментираното семе од зрната чоколадо, а чистото какао се прави со ладно пресување на зрна какао, за да се задржат во него хранливите материи и ензимите. Чоколадото, пак, се пече на високи температури и на тој начин се уништуваат повеќето здрави состојки.
Бенефит: Какаото не само што ја зголемува енергијата, тоа исто така е и природен антидепресив, го спушта крвниот притисок, го штити нервниот систем, ја намалува отпорноста на инсулин, го штити телото од токсини и го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.
(О)Милена | Црнобело