Жените почесто имаат мигрени отколку мажите, а постои и причина за тоа
Мигрената може да нападне и кога воопшто не ја очекувате. Едноставно, си седите и си ја гледате работата, а веќе во следната секунда чувствувате дека болката ви врши притисок врз очите.
Чувството е најнежно кажано, ужасно, а мигрената многу почесто ги напаѓа жените отколку мажите. Причината за тоа можеме да ја бараме токму во нивото на естроген во телото.
Естрогенот е навистина моќен - помага да се одржи здрав и редовен циклус, ја стабилизира температурата, го регулира холестеролот, помага во обновата на колагенот и ги чува коските. Според најновите сознанија, премногу естроген предизвикува болка во мозокот, односно добро познатата мигрена.
И додека едни се среќни што можат да ги пребројат вкупниот број мигрени за цел живот на една дланка, други за две недели имаат и по 7-8 пати. Некои успеваат да функционираат и покрај болката, а има и такви кои завршуваат во болница.
Жените многу почесто имаат хронични мигрени, а бројката споредена со мажите ја зголемуваат токму хормоните. Сепак, не секоја мигрена е предизвикана од нивото на естроген. Од друга страна, тестостеронот помага во полесно закрепнување од мигрени, но и за нивна поретка појава. Токму поради ова, многу жени имаат страшни мигрени кога се во ПМС или во тек на месечниот циклус.
Една од теориите е дека нивото на естроген си поигрува и со нашата чувствителност на болка. Од една страна, ако е нивото на естроген ниско, ќе чувствувате болка, а ако е превисоко, болката е уште поголема. Од друга страна, нормалните нивоа на естроген во телото ве прават помалку чувствителни на болка, што значи во овој случај најважен е балансот.
Она што ѝ понатаму ја мачи науката е зошто жените не реагираат еднакво на терапијата против мигрена како и мажите. Затоа, не може да се препишат само едни таблети, туку многу жени решението го наоѓаат во најразлични лекови против болка, во комбинација со некој суплемент и храна или зачини.
Е. Д. | Црнобело