14 сигурни знаци дека организмот ви бара детоксикација
Честа болка во зглобовите
Хроничната болка во зглобовите и мускулите, дури и доколку редовно вежбате укажува дека во организмот се случуваат многу повеќе воспалителни процеси отколку што мислите, а не дека „ќе се менува времето“.
Постојано си под стрес
Детоксикацијата на организмот не подразбира само исфрлување на одредени намирници во поглед на исхраната, туку и намалување на нивото на стрес. Стресот воедно ги поттикнува и автоимуните заболувања, како депресијата.
Идејата за детокс на телото ти предизвикува нервоза
Доколку самата помисла од откажување на омилените грицки, слатки и сокчиња ти предизвикува неудобност, тоа значи дека имаш нездрав емоционален однос кон храната. Наместо да ја доживуваш храната како гориво за организмот, многу веројатно ја користиш како награда или казна.
Детоксикацијата може да ти помогне да сфатиш дали односот што го имаш кон храната е поврзан со твоите емоции, па ќе направиш еден чекор понапред со оваа анализа.
Се бориш со вишокот килограми
Потребно е да сфатите дека прво организмот треба да оздрави, па дури потоа да го изгуби вишокот килограми. Доколку постои нерамнотежа помеѓу добрите и лошите бактерии, тоа значи дека лошите бактерии преовладуваат и влијаат врз создавањето на многу воспалителни процеси, успорувајќи го метаболизмот.
Хормоните ти „лудуваат“
Намалено либидо, односно желба за секс, нарушен менструален циклус и неможност да се симнат вишокот на килограми, сето ова укажува дека имате проблем со хормоналниот баланс во организмот. Една од најчестите причини за ова е секако несоодветната исхрана.
Лош мирис на телото
„Ти си она што го јадеш“. Телото секогаш се обидува најмногу што може да ги елиминира токсините, а интензивниот мирис на кожата е знак дека тоа работи двојно повеќе. Непријатниот мирис на кожата значи дека токсините се натрупале толку многу, што го достигнале својот максимум.
Наместо да го маскирате лошиот мирис со дезодоранси и парфеми, променете го начинот на исхрана и преориентирајте се кон зелените продукти.
Проблеми со спиењето
Доколку не спиете доволно и квалитетно, ова предизвикува неправилна работа на хормонот лептин и надбубрежните жлезди. Сонот ќе ви се подобри откако ќе си исфрлите токсините од телото и ќе ги елиминирате воспалителните процеси.
(О)Милена | Црнобело