14 сигурни знаци дека организмот ви бара детоксикација
Сигурно досега сте слушнале за процесот наречен детоксифицирање, односно прочистување на организмот. Постојат многу начини како може да го сторите тоа. Прашањето не е ДАЛИ би требало одвреме-навреме да направите прочистување на организмот, туку КОГА.
Најдобро е да го слушате сопственото тело, а доколку забележите еден или неколку од овие симптоми, дефинитивно е време за детоксикација:
Огромна потреба за шеќер
Доколку јадете храна богата со многу шеќери како и многу преработена и конзервирана храна, многу веројатно е дека организмот нагло го качува и спушта шеќерот во крвта, а процесот влијае врз хормонот лептин (одговорен за глад).
Тоа ве тера да јадете уште повеќе шеќер и да внесувате уште толку нездрави намирници. По детоксикацијата на организмот, хормоните ќе се вратат во нормалата и организмот полека ќе почне да заздравува.
Проблеми со варењето на храната
Подуеност, дијареја или запек. Се чувствувате неудобно во сопственото тело и повеќе од очигледно е дека имате проблем со изборот на храна и нејзиното варење. Вашите црева бараат ресетирање.
Постојани сезонски алергии
Доколку цревната микрофлора не е во рамнотежа, тоа значи дека имате слаб имунитет. А бидејќи синусите се на некој начин продолжеток на органите за варење, односно дигестивниот тракт, логично е дека истиот влијае на сезонските алергии.
Јадеш здраво, но не се чувствуваш така
Дури и доколку сметате дека јадете здрава храна, тоа не значи дека не треба повремено да направете детоксикација на организмот. Елиминацијата на одредени типови на храна ќе влијае позитивно врз цревната микрофлора и полесно ќе се исфрлат токсините од телото.
Кожата не ти е чиста
Доколку во телото има премногу токсини, црниот дроб ќе работи послабо и поспоро (тој е главниот орган за прочистување на телото). Кожата е еден од најдобрите показатели што се случува во организмот, бидејќи сите токсини ќе се покажат на неа во облик на акни, осипи, црвенила и други воспалителни процеси.
Постојан замор
Доколку постојано се чувствувате уморни ова може да има врска со работата на надбубрежните жлезди.
Ова нарушување се случува кога мозокот и надбубрежната жлезда немаат добра комуникација поради зголеменото ниво на кортизол, кое се случува поради натрупаните отрови, воспаленија и дисбалансот на микрофлората.
Потребно ти е двојно повеќе време и напор да се сетиш на настани кои се случиле неодамна
Доколку се напрегнувате да се сетите на некои работи кои се случиле во текот на денот, вашиот мозок е „замаглен“. Кога телото не може доволно брзо да ги елиминира токсините, тие се натрупуваат во организмот и предизвикуваат воспалителни процеси.
Премногу воспалителни процеси кои се случуваат наеднаш ја оштетуваат заштитната бариера на крвта во мозокот и предизвикуваат ослабена меморија.