Како Кинезите се подготвуваат за есента и за нејзината енергија?
Кинезите се главно здрава нација, а имаат и традиционална медицина која сè уште е применлива и во денешно време.
Кога доаѓа есента, Кинезите веруваат дека настапил периодот кога треба да ја чуваме животната сила и енергијата, а во тоа ќе помогне и силата на природата.
Според Кинезите, есента е време на јин енергија, кога материјата се движи и обновува и е насочена кон внатре. Токму затоа, тие за време на преминот од лето во есен се хранат според одредени правила.
Кинеската медицина по вкус ја дели храната на блага, горчлива, лута, солена, кисела и трпкава (како дуњите или аронијата), а по температура на ладна, млака, топла и жешка.
Горчливите продукти ја насочуваат енергијата кон телото, трпкавите помагаат таа да остане внатре, додека лутите ја одржуваат рамнотежата. Поради тоа, Кинезите на почетокот на есента јадат коренест зеленчук, бидејќи сметаат дека така ја земаат силата на земјата. Во нивното мени ќе најдете цвекло, моркови, компири, целер и тиква.
Она што е карактеристично за Кинезите е што во есен сите зеленчуци ги јадат згорвени, а целосно ја исклучуваат ладната храна како свежите салати или сладоледите. Наместо тоа, јадат повеќе супи и чорби.
Дури и десертите се топли. На пример, тие сакаат печени или пржени јаболки, со додавање на цимет, зачин кој ја подобрува циркулацијата. Пикантност додаваат со праз, кромид, куркума и ким.
Нив им е најважно да продолжат да се движат како и вообичаено, бидејќи само на тој начин се задржува циклусот на животната сила во телото.
Е. Д. | Црнобело