10 лоши навики со коишто ги размножувате бактериите и ширите зараза
Оставање на отворен капак кога пуштате вода
Капакот постои со причина. Кога пуштате вода дел од водата во тоалетот се распрскува и разнесува микроскопски нечистотии и бактерии во воздухот. Доколку не го затворите капакот, оваа вода од тоалетот може да ги испрска површините во целиот тоалет, па дури и четкичките за заби.
Грицкање на пенкала
Дали знаете каде било тоа пенкало? Дури и да знаете, сигурно вашата уста не треба да биде таму каде што било пенкалото. Дури и ако е ваше пенкалото, тоа не значи дека секогаш сте го допирале со чисти раце или пак сте го оставале на чисти површини.
Отворање на ќесички со заби
Да, понекогаш е тешко да се отвори пакетчето, па може да ви се чини попрактично да го отворите со заби. Сепак, немојте. Покрај тоа што можете да си ги оштетите забите, исто така, внесувате и бактерии и нечистотии во устата коишто веќе се наоѓале на пакетчето.
Дување свеќички на торта
Освен ако не сакате да имате бактерии на тортата, престанете да ги дувате свеќичките. Кога се дуваат се ослободуваат сите бактерии што се во вашата уста, дополнително пак доколу уште некој дува заедно со вас.
Јадење на работната маса
Вашата работна маса и лаптопот се најверојатно понечисти и од тоалетот. Ова е така затоа што честичките од храна остануваат заглавени во тастатурата и таму се распаѓаат, а работните маси се чистат темелно само кога се гледа со голо око дека тоа е потребно.
Па затоа, следен пат кога ќе појадувате на работа, излезете и прошетајте се. Тоа ќе биде добро и за вашето здравје и за вашата чистота.
(О)Милена | Црнобело