Храна која не ви помага против есенските настинки

Во овој период кога времето е променливо и не знаете како да се облечете, најчесто може да завршите „смрзнати“ и настинати.

hrana-i-pijalaci-koi-ne-vi-pomagaat-protiv-esenskite-nastinki-01.jpg

Иако многумина мислат дека со неколку апчиња ќе завршат работа, сепак тие не секогаш се корисни.

Во голем број случаи храната има голема улога и може да ви помогне повеќе од било кое лекарство.

Сепак, тоа не значи дека треба да се ограничите само на овошје и зеленчук богати со витамин Ц, туку и да знаете дека постои храна која многу помага при настинки, повеќе од нешто друго што сте мислеле дека ќе ви помогне.

Погледнете која храна треба не да ја консумирате во овој период и со што да ја замените:

Процесирана храна

Хемиски процесираната храна содржи многу нездрави состојки, па ако не можете целосно да ги исклучите од исхрана, барем избегнувајте ги кога сте настинати, бидејќи заради нив губите енергија и потребни супстанци.

Наместо тоа, јадете риба, храна богата со омега 3 киселини и витамин Д кои помагаат против инфекции и воспаленија.

hrana-i-pijalaci-koi-ne-vi-pomagaat-protiv-esenskite-nastinki-03.jpg

Лук

Иако лукот има голема улога за превенција на настинките, сепак отпосле нема голем ефект како што многумина веруваат

Од друга страна, продуктите кои содржат кверцетин, природен антиоксидант имаат високо антивоспалително дејство, а може да се најде во брокула, кељ, црвен кромид, црвени јаболка, боровинки и сл.

hrana-i-pijalaci-koi-ne-vi-pomagaat-protiv-esenskite-nastinki-02.jpg

Зачини

Многу зачини како морско оревче, кари, црн пипер и други слични не треба да се консумираат ако сте настинати и ве боли грлото бидејќи го иритираат.

Можете да ги замените со ѓумбир, кој има антивоспалителни својства, а може да го пиете како чај со лимон.

За отстранување пак на слузта која тече од носот, ќе ви помогне чилито, ако немате воспаление на грлото.

hrana-i-pijalaci-koi-ne-vi-pomagaat-protiv-esenskite-nastinki-04.jpg

Пржена храна

Кога сте настинати добро е да избегнувате пржена храна бидејќи има лош ефект врз имунитетот, па затоа држете се до варени и печени производи.

hrana-i-pijalaci-koi-ne-vi-pomagaat-protiv-esenskite-nastinki-05.jpg

Црвено месо

Исто како и пржената храна, така и тешкото месо во големи количини може да направи ризик од воспаленија и ослабување на имунитетот, па најдобро е да го замените со домашна пилешка супа.

hrana-i-pijalaci-koi-ne-vi-pomagaat-protiv-esenskite-nastinki-06.jpg

Алкохол

Кога сте настинати подобро е да избегнувате алкохолни пијалаци бидејќи може да го намали имунитетот и да стане поранлив за инфекции, па процесот на лечење ќе се оддолжи.

hrana-i-pijalaci-koi-ne-vi-pomagaat-protiv-esenskite-nastinki-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Грчеви, висок притисок - Што се случува со телото ако претераме со одредена храна? Морковите се богати со бета-каротен, портокалов пигмент кој подоцна се претвора ...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg