Наглиот пад на температурите може да им наштети и на здравите луѓе
Главоболка, поспаност, умор и чувство на треска, се само дел од симптомите кои луѓето ги чувствуваат при наглото преминување од лето во есен.
Колку и да сме подготвени за новото годишно време, есента секогаш може да изненади со голем пад на температурите и силен ветер, по интензивно топлиот период. Тоа најмногу влијае и на општата здравствена состојба и да предизвика симптоми на настинка.
Есенските промени на климата им предизвикуваат проблеми на луѓето кои страдаат од хронични заболувања, а промените во воздушниот притисок може да предизвикаат главоболки, мигрени и вртоглавици.
Во овој период луѓето мора да внимаваат на себе и на имунитетот, да реагираат доколку почувствуваат дека им е лошо и да бидат подготвени дури и на алергии. Поради тоа, мора да се внесуваат свежи овошје и зеленчук, а помалку процесирана и конзервирана храна.
Прилагодувањето на телото на новите климатски услови, иако е краткотраен процес, може да донесе проблеми со адаптацијата. Треба да се чуваат и оние кои се општо здрави и да не дозволуваат да бидат изложени на зарази, но и да се облекуваат топло и соодветно на временските услови.
Е. Д. | Црнобело