Неочигледни фактори кои влијаат на лошиот сон, без да знаете

Доколку не можете добро да се наспиете и кога ќе се разбудите се чувствувате уморно, може да правите нешто погрешно во текот на претходниот ден.

neochigledni-faktori-koi-vlijaat-na-loshiot-son-bez-da-znaete-01.jpg

Иако на многумина не им е јасен овој проблем и сметаат дека најлесно е да легнеш и да заспиеш, сепак голем дел имаат мака со сонот.

Како и на многу други работи, така и на сонот влијае животниот стил и навиките кои ги имате и правите секојдневно.

Со тоа несвесно му наштетувате на сонот и не можете доволно добро да се наспиете.

Во продолжение погледнете кои неочигледни фактори влијаат на тоа:

1. Прејадувањето нема да ви помогне за добар сон, но ниту легнувањето гладни ќе влијае позитивно на спиењето, па затоа не ги слушајте сите и практикувајте лесна вечера.

neochigledni-faktori-koi-vlijaat-na-loshiot-son-bez-da-znaete-02.jpg

2. Ако се преспивате во текот на денот, имате повеќе попладневни дремки и секојпат заспивате пред телевизор или во автобус на пат кон дома, нормално е навечер да не му е потребно на телото толку сон и си го влошувате квалитетот на спиењето.

neochigledni-faktori-koi-vlijaat-na-loshiot-son-bez-da-znaete-03.jpg

3. Иако можеби ви нема логика, прескокнувањето на појадокот го влошува вечерниот сон, бидејќи тој оброк го обележува почетокот на биолошкиот часовник и телото почнува да одбројува до вечерното спиење.

neochigledni-faktori-koi-vlijaat-na-loshiot-son-bez-da-znaete-04.jpg

4. Ако мислите дека нередот околу вас не ви влијае, сепак потсвесно тоа ви влијае, па ако последното нешто пред спиење што сте го виделе е хаосот околу вас, тогаш и сонот ќе ви биде хаотичен.

neochigledni-faktori-koi-vlijaat-na-loshiot-son-bez-da-znaete-05.jpg

5. Сигурно веќе ви е познато дека подобро се спие кога просторијата е посвежа, па свесни сте дека пуштањето греење на посилно може да ви го наруши сонот.

neochigledni-faktori-koi-vlijaat-na-loshiot-son-bez-da-znaete-06.jpg

6. Иако некогаш мислите дека бучавата во околината или од телевизорот не ви пречи, сепак потсвесно може да ви го расипува сонот.

neochigledni-faktori-koi-vlijaat-na-loshiot-son-bez-da-znaete-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Колку крем за сончање треба да нанесете за да спречите изгореници, според дерматолог? Ставате ли доволно крем за сончање? Колку крем треба да нанесете и кога, според ...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...
Папочна кила кај бебиња и мали деца: Како да ја препознаете и како се третира? Главниот знак на папочна кила е видлива испакнатина под кожата околу папокот. Та...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg