Како една жена на 80 години изгледа како да има 50?
Филомена Варихај – име кое добро ќе го запаметите откако ќе прочитате дека се работи за жена која во октомври ќе полни 80 години, а изгледа како добро одржана 50-годишна жена.
„Секое утро се будам со желба и цел. Благословена сум со енергија и талент и потреба да им помогнам на другите колку што можам, и сум навистина благодарна,“ вели 80-годишната жена чиј позитивен став и помогнал да изгледа барем 3 децении помладо.
Исто така, има уште 3 секојдневни навики за младоликост и виталност кои секој може да ги практикува:
Следете го правилото 70-20-10
Тоа значи 70% од калориите да ги внесувате преку овошје, зеленчук и мешунки, 20% од дневното мени нека бидат здрави протеини, а 10% здрави масти.
Трчајте
Филомена практикува рекреативно трчање трипати во неделата, по 5 километри. Вели дека вежбањето со крајна цел може многу повеќе да ви користи, отколку само растегнувањето на справи во теретана.
Бидете благодарни
Секој ден има нешто на што е благодарна и тоа го запишува на ливче кое го става во нејзината тегла на благодарности.
„Конекцијата меѓу телото е умот е повеќе од јасна. Кога сме благодарни, позитивно гледаме на работите и на себе, па немате потреба да барате утеха во нездравите навики.“
М. Д. | Црнобело