6 највалкани јавни места каде треба да бидете повнимателни за да останете здрави
Сите знаете дека рацете треба да се мијат почесто, од време навреме да се брише тастатурата на компјутерот, како и екранот на мобилниот.
Постојат хигиенски навики кои треба постојано да ви бидат на ум и да не заборавате да ги правите, бидејќи иако можеби ви личи на не толку опасно, бактериите и нечистотиите се лоши за здравјето.
За жал, таквите нечистотии најмногу се наоѓаат на местата со кои сме секојдневно и постојано во контакт, како што се кујната во канцеларија, теретаните, рестораните и баровите.
Доколку сакате да избегнете непосакувани бактерии, секако не може да ги избегнувате целосно овие места, но може да ги знаете и да бидете внимателни со што ќе ја одржувате хигиената на максимално ниво кога сте во близина.
Канцеларија
Најнечисти места во кујната во канцеларија се полиците, копчињата и апарати за кафе, рачки од фрижидер и слични површини, па затоа редовно чистете ги овие места со нешто за дезинфекција.
Аеродром
Екраните на допир за регистрација, држачите на ескалатори и скали, детски играчки во специјални делови и пластичните кутии за лични работи, како и сите рачки и копчиња во тоалетите според истражувањата содржат најмногу бактерии и вируси.
Користете алкохолки средства за дезинфекција на раце и мијте ги по контакт со било кое од овие работи.
Авион
Иако важи за едно од најбезбедните превозни средства, сепак кога станува збор за хигиената, не може да се пофали како безбедно.
На површините на масичките кои се спуштаат многупати во истражувања се најдени многу бактерии бидејќи патниците врз нив ставаат секакви работи, а истото важи и за џебовите во седиштето.
Исто така бактерии се наоѓаат и во вентилите за воздух, па добро е секогаш да носите алкохолни влажни марамчиња и да го избришете просторот околу вас.
Трговски центри и супермаркети
Научниците откриле дека на лентите за купување, количките во супермаркетите како и држачите на корпи се наоѓаат многу бактерии како стафилокока, но исто така и мувла и габи. По шопингот задолжително измијте ги рацете, но пребришете ги и продуктите кои биле на лента.
Теретана
Ова е место каде се оди за одржување на добро здравје, но со оглед на нечистотиите кои може да се најдат таму мора да бидете многу внимателни.
Во соблекувалните, валканите патики, испотените пешкири, навлаките и справите за вежбање шират многу бактерии, па обидете се да чистите пред себе и да носите своја целосна опрема.
Барови и ресторани
Бактериите и штетните микроорганизми не доаѓаат само од места како тоалетите, туку може да се најдат и во ресторани и барови.
Највалканото нешто на овие места е менито, на чија површина живеат огромен број бактерии, а секако и тоалетот не е исклучок.
По контакт со менито и пред јадење задолжително измијте ги рацете, но не го користете апаратот за сушење кои шири бактерии, туку тоалет хартија за бришење раце.
М. М. | Црнобело