Сите девојки треба да ги знаат - 6 факти за месечниот циклус

За месечните крварења треба да се зборува отворено и секоја девојка и жена треба да знае што се случува со нејзиното тело во „оние“ денови.

site-devojki-treba-da-gi-znaat-6-fakti-za-mesechniot-ciklus-01.jpg

Иако девојките и жените крварат секој месец, некои нешта не се до крај разјаснети, па затоа треба да се знаат следниве шест факти:

1.Може да се забремени за време на менструација

Веројатноста тоа да се случи само значајно е намалена во однос на другите денови, но не значи и дека не постои. Затоа, не треба да се потпирате на „неплодноста“ во текот на менструацијата.

2. Не сте најплодни на денот на овулација

Овулацијата, во просек, се случува на средина меѓу две крварења. Најплодна жената е неколку дена пред и неколку дена по овулацијата.

site-devojki-treba-da-gi-znaat-6-fakti-za-mesechniot-ciklus-02.jpg

3. Нарушените месечни циклуси навестуваат и на здравствени проблеми

Неправилните крварења од каков било облик се предизвикани од многу причини: земање орална контрацепција, стрес, слабеење или качување телесна тежина, па сè до потешки болести како рак на грло на матка или рак на јајници.

4. Волт Дизни има снимено филм за менструацијата

Во 1946 година, Дизни направил едукативен анимиран филм за менструацијата. Се верува дека во тој филм првпат јавно е употребен зборот „вагина“.

5. Истекува мала количина крв

Иако на многу девојки и жени им се чини дека имаат преобилни менструации, факт е дека губат максимална количина крв што може да ја собере во шолјичка за кафе.

6. Просечната возраст на добиена прва менструација паѓа

Некогаш тинејџерките добивале прв месечен циклус на 14, 15 или 16-годишна возраст, некои порано, а некои подоцна. Денеска, просечната возраст е падната на 12 години. Постојат повеќе можни причини за тоа, меѓу кои и општиот стрес, еколошките услови и променетата исхрана.

site-devojki-treba-da-gi-znaat-6-fakti-za-mesechniot-ciklus-03.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Симптоми за рак на мочниот меур кои не треба да се игнорираат Крв во урината, како и болка во долниот дел од грбот се симптоми кои можат да би...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...
Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни Отежнато дишење, зарипнат глас, болки во грбот – кои симптоми можат да укажуваат...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
5 видови рак на репродуктивниот систем за кои секоја жена треба да знае Вагинален, рак на грлото на матката, рак на јајникот – важно е секоја жена да би...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg