Домашни мешавини за лесно отстранување на наслагите на забите
Наслагите на забите многу лесно може да се појават доколку заборавите само еден чекор од трите клучни за здрави заби – исчеткај, помини со конец и исплакни со течност.
Но, ако веќе штетата е направена, време е да најдете начин на кој безболно и лесно може да ја поправите.
Обидете се со некоја од следниве домашни мешавини:
Сода бикарбона + сол
Измешајте 1 лажичка сода бикарбона со малку сол и капнете неколку капки вода.
Натопете ја четката во смесата и тријте ги забите еднаш до двапати неделно. Темелно исплакнете.
Кора од портокал
Тријте ги забите 2 до 3 минути со кора од излупен портокал или едноставно оставете ја да отстои неколку минути.
Исплакнете со млака вода. Повторувајте неколкупати неделно.
Сок од лимон
Натопете ја четката за заби во сок од свежо цеден лимон и четкајте една минута.
Потоа убаво исплакнете, но не ги мијте забите со паста веднаш потоа.
Семки од сусам
Земете една лажичка семки од сусам и добро изџвакајте ги.
Треба да создадете еден вид на паста која нема да ја голтнете.
Додека пастата ви е во уста, темелно четкајте со четка за заби.
Кокосово масло
Земете 1-2 лажички кокосово масло и задржете го во устата околу 10-15 минути.
Плукнете и исплакнете со топла вода.
Јагоди и домати
И јагодите и доматите може да ги изгмечите и директно да ги нанесете на забите кои имаат наслаги.
Оставете 5 минути, па потоа исплакнете.
Каранфилче
Истолчете 1-2 каранфилчиња и додадете малку маслиново масло.
Може и да најдете каранфилче во прав.
Мешавината нанесете ја директно врз наслагите со нежно четкање на забите. Исплакнете.
М. Д. | Црнобело