Физичките симптоми на анксиозноста - Што се случува со вашето тело?
Иако анксиозноста е ментална појава, во голем процент влијае и на вашата физичка состојба, па дури и да предизвика физички симптоми.
Анксиозноста е проследена со постојана загриженост, нервоза, страв и стрес, кои во даден момент нè попречуваат во секојдневните активност.
Поради анксиозноста, ни се намалува способноста на правилно расудување и носење важни одлуки. Најчесто, најдобро е да се побара мислење од стручно лице.
Физичките симптоми кои ги предизвикува анксиозноста се: забрзано чукање на срцето, неправилно дишење, губење здив без причина, постојан умор, изнемоштеност, вртоглавици, несоница и лош сон, проблеми со варењето, мачнини, стегање во градите, тресење на рацете или необјасниви напливи на студ или жештина.
Кога личноста е под стрес и вознемирена, тогаш телото реагира со нерамнотежено лачење на адреналин и кортизол.
Анксиозноста може да влијае и на респираторниот систем, кардиоваскуларниот систем, на имунитетот, дигестивниот систем и уринарниот тракт.
Е. Д. | Црнобело