Влијае врз цело тело, енергија и на секоја возраст: Што треба да знаете за тироидната жлезда?

Тироидната жлезда има заштитна улога во нашето тело, па затоа уште е позната и како штитна жлезда.

Fakti-za-tiroidnata-zhlezda-shto-sekoj-treba-da-gi-znae-01.jpg

Таа ја контролира работата на срцето, правилното дишење, работата на поголемиот дел од органите и метаболизмот. Затоа, секој треба да биде свесен за важната улога што оваа жлезда ја има за нашето здравје.

Ова се важни факти кои треба да ги знаете:

1. Правилното лачење на хормони од тироидната жлезда влијае врз целосната работа на секоја клетка во организмот.

2. Нарушувања на работата на тироидната жлезда

Проблемите со тироидната жлезда ја нарушуваат целосната здравствена слика и повлекуваат многу проблеми. На пример, може да се јави намалено лачење на хормоните, зголемено лачење и автоимуното нарушување наречено Хашимото-синдром. Исто така, може да се појави и рак на тироидна жлезда.

3.  Прегледот може да биде многу покомплициран од анализа на крв

Кај ендокринолог се испитуваат 2 до 3 хормони кои ги лачи тироидната жлезда, кај специјалисти од оваа област се тестираат 7 до 9 маркери, но секогаш кога постои сомнеж дека се случува нешто, треба да се направи и ехо-преглед.

Fakti-za-tiroidnata-zhlezda-shto-sekoj-treba-da-gi-znae-02.jpg

4. Проблемите може да се јават на секоја возраст

Проблеми со тироидната жлезда од кој било тип може да се појават во кој било момент од животот - пубертет, бременост, по раѓање, во менопауза и воопшто не е точно дека се појавува само кај возрасни жени.

5. Хипертироидизмот нема постојани симптоми

Додека едни губат од телесната тежина или пак им паѓа косата, кај други може да се појави зголемена телесна тежина, напливи на жештина, претерано потење, па дури и нерегуларни месечни циклуси.

Понекогаш симтомите се и ментални, како појава на анксиозност или внатрешен немир.

6. Хипотироидизмот влијае врз енергијата

Намаленото лачење на хормони може да предизвика намалување на енергијата, лош сон, проблеми со варењето, промени во квалитетот на косата и ноктите, како и постојана индивидуална преголема чувствителност на студеното време.

Fakti-za-tiroidnata-zhlezda-shto-sekoj-treba-da-gi-znae-03.jpg

7. Потребно е да се најде баланс

Лечењето на кое било нарушување на работата на штитната жлезда трае доживотно. Специјалистот ја контролира терапијата и по потреба ја зголемува или намалува дозата од лековите.

Исто така мора да се внимава да се користат што помалку хемикалии во домаќинството и храна со адитиви. Како додаток во исхраната потребно е да се зема селен.

8. Ракот на тироидата тешко се дијагонстицира

Бидејќи ретко кој ја прегледува штитната жлезда ако нема проблеми со нејзината работа, првиот сомнеж може да се појави ако на допир се почувствуваат јазли при допир.

Затоа и во светот ракот на тироидната жлезда е еден од најсмртоносните и најтешки за лечење.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
4-те најчести митови за менопауза во кои не треба да верувате Дебелеењето е неизбежно и менопаузата значи дека сте стари – во кои митови за ме...
Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни Отежнато дишење, зарипнат глас, болки во грбот – кои симптоми можат да укажуваат...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg