Симптоми на депресија по одмор и трикови како да ја спречите

Изморени сте, работните часови не ви поминуваат, а вашиот ум ја користи секоја можност да избега на местото каде претходно сте уживале.

simptomi-na-depresija-po-odmor-i-trikovi-kako-da-ja-nadminete-01.jpg

Позната ли ви е оваа ситуација? Можно е да се работи за „пост-одморна депресија“,  синдромот најчесто трае помеѓу 2-3 недели, а од тоа пати речиси 30% од популацијата.

Овој тип на депресија се карактеризира со повеќе симптоми кои ни влијаат кога ќе се вратиме на секојдневната рутина по долг период на уживање.

Најмногу луѓе се соочуваат со овој проблем доколку имаат стресна работа, имаат лоша работна околина или се почувствителни на притисок и промени.

Доколку мислите дека можеби и вие имате проблем со тоа после одморот, независно дали станува за летен, зимски, или земање слободни денови во бико кој период од годината, во продолжение погледнете кои се симптомите и како да се ослободите од оваа „депресија“.

Симптоми:

Симптомите варираат од личност до личност, но ова се најчестите:

  • Апатија
  • Анксиозност
  • Замор
  • Недостаток на енергија
  • Неможност да се приспособите на рутина
  • Лошо расположение

Во некои случаи личноста може да се соочи и со тахикардија, главоболки, гадење, треперење и слично.

Ако симптомите траат подолго од 1 месец, препорачливо е да се разговара и со медицинско лице за во случај да се работи за нешто посериозно од ова.

simptomi-na-depresija-po-odmor-i-trikovi-kako-da-ja-nadminete-02.jpg

Како да се ослободите од негативниот ефект:

1. Не се враќајте ден порано од планираното и откако ќе се вратите, дајте си ден-два да се приспособите на промената пред да почнете со работа

simptomi-na-depresija-po-odmor-i-trikovi-kako-da-ja-nadminete-03.jpg

2. Уште пред да почнете со работа, направете си еден распоред на обврски, но оставете простор и да си посветите време за себе, за да не ви дојде одеднаш да не знаете што прво да направите.

simptomi-na-depresija-po-odmor-i-trikovi-kako-da-ja-nadminete-04.jpg

3. Бидете активни и за време на одморот – тоа не значи да работите, но да го одржувате мозокот активен со читање, решавање крстозбори, играње игри кои нема целосно да ве направат пасивни.

simptomi-na-depresija-po-odmor-i-trikovi-kako-da-ja-nadminete-05.jpg

4. Не земајте преголеми одмори од работа – доволни се 7 до 10 дена за да се релаксирате од работата, но да не се одвикнете целосно од неа и да ви биде тешко кога ќе се вратите.

simptomi-na-depresija-po-odmor-i-trikovi-kako-da-ja-nadminete-06.jpg

5. Поделете ги обврските кои треба да ги завршите и почнете од наједноставните во првите денови додека да се приспособите па продолжете со потешки.

simptomi-na-depresija-po-odmor-i-trikovi-kako-da-ja-nadminete-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
5 видови рак на репродуктивниот систем за кои секоја жена треба да знае Вагинален, рак на грлото на матката, рак на јајникот – важно е секоја жена да би...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...
Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни Отежнато дишење, зарипнат глас, болки во грбот – кои симптоми можат да укажуваат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg