Твитерџика нагласи еден симптом на депресијата, кој малкумина го споменуваат

Депресијата е комплексна емоционална состојба и една твитерџика доби низа пофалби откако се потруди да долови како се чувствуваат луѓето во оваа ситуација.

tviterdjika-naglasi-eden-simptom-na-depresijata-koj-malkumina-go-spomenuvaat-01.jpg

Во последно време проблемите со менталното здравје, за среќа, почнаа да добиваат поголемо медиумско внимание и за нив почна поотворено да се говори.

Дури и дел од познатите личности открија дека се соочуваат со големи внатрешни битки.

tviterdjika-naglasi-eden-simptom-na-depresijata-koj-malkumina-go-spomenuvaat-05.jpg

Постојано се говори за депресијата, која се претставува како болест која ја исцицува енергијата од луѓето и прави да се чувствуваат тажни. Во симптомите спаѓаат и безнадежност, ниска самодоверба, анксиозност, недостиг од мотивација и мисли за самоубиство.

tviterdjika-naglasi-eden-simptom-na-depresijata-koj-malkumina-go-spomenuvaat-03.png

Како и да е, авторот М. Моли Бекс на Твитер откри дека постои еден симптом кои како да се занемарува. Станува збор за симптомот „The Impossible Task“, кој претставува спреченост и немање на сила и мотивација да се извршат и најосновните работи.

tviterdjika-naglasi-eden-simptom-na-depresijata-koj-malkumina-go-spomenuvaat-02.jpg

Човекот во депресија понекогаш нема сила ниту да појде во банка да плати сметки, да оди до аптека да си земе нови лекарства, да го провери мејлот. Надворешниот свет кога го гледа ова не го разбира затоа што станува збор за нешто што сте го правеле илјадници пати во животот и другите ви велат „Одвој само 20 минути и заврши ја таа работа“.

Потоа, личноста што страда од депресија има внатрешни монолози и сфаќа дека нешто навистина не е во ред со неа штом не може да изврши основни задачи, како што е миењето на садови. Но, таа се срами да се обрати до блиските за да побара помош за нешто толку едноставно.

tviterdjika-naglasi-eden-simptom-na-depresijata-koj-malkumina-go-spomenuvaat-04.png

Ако во ваша близина имате личност што е во ваква состојба, прашајте ја кои и се работите што ѝ изгледа невозможно да ги изврши, а потоа помогнете ѝ. Одведете ја со автомобилот до аптеката на пример. Тоа ќе биде неверојатен подарок за неа. Бидете емпатични и покажете добрина, порачува на крај Моли.

Нејзините твитови на оваа тема:

 

 

 

 

 

 

 

 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...
Папочна кила кај бебиња и мали деца: Како да ја препознаете и како се третира? Главниот знак на папочна кила е видлива испакнатина под кожата околу папокот. Та...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...
Брз тест со кој ќе го проверите ризикот од рана смрт – Колку долго можете да стоите на една нога? Според тест на National Health Service од Англија, луѓето на возраст до 50 годин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg