Лесни тестови за проверка на здравјето во домашни услови, без посета на доктор

Многу често луѓето ги избегнуваат редовните прегледи, заради недостаток на време или страв од доктори.

lesni-testovi-za-proverka-na-zdravjeto-vo-domashni-uslovi-bez-poseta-na-doktor-01.jpg

Но, понекогаш, постојат начини и сами да проверите каква е состојбата на вашето тело и здравјето без да посетувате лекар.

Секако, тоа не значи дека треба да се потпрете само на нив, бидејќи вие не сте професионалец, но некогаш ако преку таквите проверки дома забележите нешто, ќе знаете дека не смее да одложувате преглед кај докторот.

Во продолжение погледнете неколку тестови со кои во домашни услови сами ќе си го проверите здравјето.

Ендокрин систем

Еден од најважните индикатори за здравјето е големината на половината.

Земете метро и измерете ја половината – вообичаено не би требало да надминува 88cm кај жените и 102 cm кај мажите.

Луѓето чии мерки надминуваат 5 пати повеќе, имаат поголем ризик за заболување од дијабетес тип 2.

Сепак, тоа не значи дека сигурно имате проблем со ова, бидејќи има многу луѓе со прекумерна тежина и неколку сантиметри повеќе не менуваат ништо.

Во секој случај, добро е да внимавате на исхраната и на физичката активност на телото.

lesni-testovi-za-proverka-na-zdravjeto-vo-domashni-uslovi-bez-poseta-na-doktor-02.jpg

Мозок

Потребен ви е празен лист хартија, маркер или пенкало и помош од пријател. Нацртајте часовник и побарајте некој да ви каже замислено време во формат „час и минути“, на пример 10 часот и 10 минути.

Потоа нацртајте ги стрелките на цртежот така што ќе го покажуваат одреденото време кое ви го кажале.

Тестот вклучува голем број на процеси во мозокот, а ги вклучува деловите одговорни за движење на рацете, ориентација во простор и време.

Иако звучи невозможно, сепак може да се случи некој да направи грешка, како несоодветно да ја нацрта позицијата на стрелките, а тоа може да означува почеток на деменција, иако не треба да паничите и грешка може да се случи и од брзање и невнимателност.

lesni-testovi-za-proverka-na-zdravjeto-vo-domashni-uslovi-bez-poseta-na-doktor-03.jpg

Рбет

За овој тест потребни ви се две ваги за мерење тежина. Поставете ги паралелно една на друга и застанете со едното стапало на едната, со другото на другата.

Бројките на двете ваги треба да покажат иста или барем приближна вредност на тежината.

Ако вредностите се многу поразлични, тогаш може да имате искривување на коските на колковите, рбетот или вратот, па би било добро да се проверите кај искусен доктор.

lesni-testovi-za-proverka-na-zdravjeto-vo-domashni-uslovi-bez-poseta-na-doktor-4.jpg

Респираторен систем

За овој тест ќе ви биде потребна штоперица. Станете и измерете го бројот на  отчукувањата на срцето во 30 секунди.

Потоа седнете и вдишете трипати по ред без издишување. Задржете го здивот колку што е можно повеќе и мерете го времето на штоперица.

По издишувањето, повторно измерете го бројот на отчукувања на срцето во 30 секунди.

Резултати:

  • Ако можевте да го задржите воздухот помалку од 40 секунди, тогаш немате задоволителна функција на респираторниот систем. Просекот за добар перформанс е од 40-49 секунди, а над 50 секунди е одличен резултат.
  • Искалкулирајте го бројот на отчукувања на срцето според следната формула:

Резултатот = бројот на отчукувања во 30 секунди по тестот / бројот на отчукувања во 30 секунди пред тестот

Ако резултатот е еднаков на 1.2 или помалку, тоа е нормално, а ако резултатот е поголем од 1.2, може да имате нездрава реакција на кардиоваскуларниот систем заради недостаток на кислород.

lesni-testovi-za-proverka-na-zdravjeto-vo-domashni-uslovi-bez-poseta-na-doktor-05.jpg

Коски

Погледнете си ги ноктите на рацете бидејќи тие кажуваат многу и за здравјето, не само за убавината.

Ако од неодамна, ноктите станале кршливи, се лупат и имаат бели линии, тоа не е само козметички проблем, туку може да укажува на недостаток на витамин Б, железо или да води кон проблеми со коски како остеопороза.

lesni-testovi-za-proverka-na-zdravjeto-vo-domashni-uslovi-bez-poseta-na-doktor06.jpg

Вид

Гледајте во рамката од прозорецот 30 секунди, а потоа затворете ги очите. Отворете го прво едното око додека со рака го затворате другото и повторно погледнете во прозорецот, а потоа  обратно повторете со другото око.

Ако сликата со едното или двете очи ви се гледа заматено, а линиите од прозорецот веќе не се паралелни, може да имате проблем со видот и време е да посетите лекар.

lesni-testovi-za-proverka-na-zdravjeto-vo-domashni-uslovi-bez-poseta-na-doktor-07.jpg

Слух

Обидете се да го слушнете разговорот на луѓе кои се на 5-6 метри оддалечени од вас. Ако не можете да ги разберете добро зборовите иако многу се обидувате може е време за посета на лекар и проверка.

Овој метод не функционира во гласна средина на јавни места.

lesni-testovi-za-proverka-na-zdravjeto-vo-domashni-uslovi-bez-poseta-na-doktor-08.jpg

Напомена: Да нагласиме повторно дека не треба целосно да се потпирате на овие тестови и тие се само метод со кој може да проверите дали е конечно време да посетите лекар иако долго го избегнувате тоа. Можеби резултатите ќе бидат во ред, но добро е да се консултирате.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Промени во телото кои можат да бидат знак за (сериозен) проблем со здравјето Промени во градите кои не се поврзани со месечниот циклус, грчење на мускулите –...
Ја регулира тежината, ја чисти кожата – Зошто треба да пиете вода со нане (и како да ја направите)? Нането има природни антибактериски својства, па може да го освежи здив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg