Зошто треба да практикувате одморот да го поминете на плажа?
Секако дека сите посакуваат да поминат што повеќе време во надворешни активности, посебно во лето да уживаат на плажа.
Чувството на мир и релаксација кое се искусува на плажа е за многумина едно од најубавите и најпосакуваните.
Но, не секогаш е возможно тоа, независно дали од финансиски причини или од многу обврски.
Сепак, експертите советуваат дека не само што е убаво да одите на плажа, туку на некој начин треба да стане и неопходно, бидејќи плажата многу позитивно влијае на здравјето и внатрешната состојба.
Па така, доколку го избегнувате одењето на плажа заради обврски, сфатете си го сериозно тоа дека треба да најдете време барем неколку дена да поминете во таква средина.
Науката вели дека тоа ќе ви помогне да се промени начинот на кој мозокот работи, а ќе има ефект врз вас на неколку начини:
Одењето на плажа го намалува стресот
Водата делува како природен лек врз стресот, благодарение на позитивните јони.
Па така, кога ќе нурнете во водите или само ќе ги натопите стапалата, веднаш ќе почувствувате чувство на олеснување и релаксација.
На сите добро ни доаѓа такво инстантно подобрување на расположението од време навреме.
Плажата ја подобрува креативноста
Научниците веруваат дека плажата помага да го зголемите креативното поле, да ја расчистите главата и да направите простор во главата за нови решенија на проблемите.
Исто како медитацијата, плажата предизвикува чувство на смиреност кое овозможува да се фокусирате полесно.
Плажата ги намалува чувствата на депресија
Како ефектот кој плажата го има врз стресот и креативноста, така плажата овозможува и ослободување од чувството на депресија.
Звукот на брановите со глетката и мирисот на песок и море, може да ве стави во медитациска состојба.
За возврат, вие го избиструвате умот и влијаете на животот позитивно избегнувајќи го хаосот на секојдневието.
Поминатото време на плажа ќе ви го смени погледот на животот
Природата генерално отсекогаш е фактор за здрав и среќен живот, а плажата посебно е добра за внатрешната состојба и душата, па секогаш одвојте време барем на неколку дена да уживате на плажа.
М. М. | Црнобело