7 совети како да се справите со мачнините при патување
Консумирајте лесен оброк
Ако јадете премногу или воопшто, тогаш вашиот стомак ќе ја почувствува промената и ќе биде посклон кон мачнини.
Консумирајте лесен оброк 45 минути пред патувањето и избегнувајте ги масните и зачинети јадења. Исто така, не заборавајте да пиете многу вода.
Избегнувајте алкохол
Пијалак пред пат не треба да ви изгледа како добра идеја. Алкохолот може да ви предизвика и дехидратација и со тоа симптомите да ви се влошат.
Усогласете ги телото и очите
Чувството на нерамнотежа е причината за мачнините, па затоа ако гледате надолу или назад ќе имате конфузија пред очите.
Најдобро е да седите исправено и да имате непречен поглед пред вас.
Обидете се да заспиете
Ако успеете да заспиете нема да го чувствувате движењето и со тоа нема да ви биде лошо.
Направете си чувство на комфорност со убава перница и можеби релаксирачка музика на слушалки.
С. С. | Црнобело