7 совети како да се справите со мачнините при патување
Консумирајте лесен оброк 45 минути пред патувањето и избегнувајте ги масните и зачинети јадења, а погледот нека ви биде насочен кон хоризонотот.
Летото е време за патувања и забава, но дали сте и вие еден од оние на кои пристигнувањето до посакуваната дестинација му е хорор сценарио?
Не минал ниту час како патувате, а вам веќе ви се лоши, се препотувате, имате мачнини и вртоглавици. Како да ги преживеете наредните 10 часа пат без разлика дали тоа е со автомобил, брод или авион?
Исто така, имате главоболки, го губите апетитот, сува ви е устата, чувствителни сте на мириси и општо се чувствувате некомфорно.
Како да се справите со оваа ситуација?
Отворете го прозорецот и гледајте кон хоризонтот
За да ги ублажите симптомите гледајте кон хоризонтот. Вашиот мозок нема да мора постојано да реагира на предметите кои се движат околу вашето превозно средство и очите да се прилагодуваат.
Останете во една позиција и гледајте кон небото. Отворениот прозорец ќе ве снабди со свеж воздух и ќе ви даде попријатно чувство.
Седете напред или до прозорецот
Во оваа позиција ќе имате добар поглед. Ако патувате со автомобил уште подобро е вие да возите, затоа што кога ќе ја имате контролата ќе биде речиси невозможно да почувствувате мачнини при патувањето.
Избегнете гледање во телефонот, читање и гледање на филмови
Ова е најлошото нешто кое можете да го направите.
Вашите очи ќе мислат дека сте во вашата дневна соба и се релаксирате во вакви активности, но вашиот мозок е свесен дека се обидувате да се концентрирате на содржината додека искусувате турбуленции во авион, дупки и кривини на патот со автомобилот или бранови на бродот.