7 лесни чекори за борба против хроничниот замор
Доколку секогаш се чувствувате уморно, изнемоштено и ненаспано, можеби ви се потребни неколку мали промени во секојдневието за да се освежите и да си ја вратите енергијата.
Понекогаш решенијата за оваа состојба се многу едноставни и лесно применливи. Хроничниот замор е проблем со кој се соочуваат многу луѓе и кој често ги нарушува и физичкото и менталното здравје.
Поради тоа, најпрво обидете си да си помогнете со неколку природни методи, пред да потрошите многу пари на медицински препрарати за оваа намена.
Јадете семки од црн ким
Семките од црн ким се одличен борец против уморот, благодарение на маслото богато си есенцијални масни киселини кои помагаат во борбата против воспаленија.
Црниот ким и производите кои го содржат го подобруваат расположението, вниманието и когнитивните способности. Овие семки може да ги додадете во јогурт или смути за да ја добиете својата дневна доза на хранливи материи.
Почесто трепкајте
Повеќето од нас многу време поминуваат гледајки во мониторот на компјутерот, телефонот и телевизорот. Затоа е многу важно повремено да направите пауза. Најдобро е да се прави одмор од овие т.н. активности на секои 20 минути.
Може на пример една минута да трепкате, а потоа тргнете го погледот на 20 секунди. Повторувањето на оваа вежба го освежува мозокот, го намалува уморот и ја намалува напнатоста во очите.
Јадете храна која го хидратира телото
Бидејќи умот, телото и душата заедно го чувствуваат заморот, можеда го решавате проблемот почнувајќи телото, фокусирајќи се на она што го јадете. Многу е важно вашето тело да добива доволно вода, бидејќи дехидрирањето може да предизвика пад на енергијата и тромавост.
Поголемиот дел од луѓето не пијат доволно вода во текот на денот, па затоа е добро да јадете храна која хидратира. Грицкајте свежи краставици, целер, ротквици, домати и пиперки, бидејќи овие зеленчуци се во голем процент вода. Јадете ги свежи за да добиете доволно витамини.
Вежбајте свесно јадење
Свесното јадење помага при варењето на храната и при апсорпцијата на хранливите материи, а на вашето тело му пружа доволно време да се ревитализира. Кога вашето внимание е насочено на храната која ја јадете, вие избегнувате „емоционално јадење“ и тогаш јадете само кога сте навистина гладни.
Пред да започнете со јадење, неколку минути длабоко дишете, а за време на јадењето запирајте во џвакањето за да можете да уживате во боите, вкусот, текстурата и мирисот на храната.
Истегнувајте се
Практикувајте вежби за истегнување по една минута на секој час. Сеедно дали е тоа обично движење или вежба од јога, истегнувањето е добро за телото и духот, бидејќи помага во воспоставувањето рамнотежа меѓу телото и духот.
Доколку чувствувате напнатост во вратот, грбот или рамениците и во тој случај истегнувањето многу ќе ви помогне.
Додадете арома на јасмин
За лекување на душата и целосно да се опуштите, направете ароматерапија со етерично масло од јасмин. Јасминот дава мирен сон и помага во намалување на вознемиреноста после будење, а тоа го зголемува нивото на вашата енергија.
За оваа намена можете да се користи и маслото од лаванда, а доколку сакате може и да ги помешате овие две масла. Исто така, можете и да пиете чај од јасмин. Има навистина релаксирачко дејство.
Внесувајте доволно магнезиум
Магнезиумот е многу важен елемент во борбата против хроничниот замор. Овој моќен минерал ја подигнува енергијата и го подобрува сонот. Можете да го земате како додаток на исхраната, доколку не успевате да јадете намирници кои природно се богати со магнезиум, како што се бадемите, кикириките, гравот и другите мешунки и листестиот зеленчук.
Е. Д. | Црнобело