5 видови на лекови без кои не треба да тргнете на пат
При пакување, никако не смее да заборавите да го извадите најважното од домашната аптека.
Не се потпирајте на тоа дека и таму каде што одите сигурно има аптеки, и задолжително во несесер спакувајте ги следниве 5 лекарства:
1. Лек против мачнина
Никогаш не знаете кога за првпат може да се јави мачнината при патување, дури и да не сте склони на неа.
2. Средства против болка и покачена температура
Може да бидат во облик на таблета, шумлива таблета или прашок.
3. Средства за заштита од инсекти и против убод од инсекти
Спрејовите и кремите за заштита, како и оние за после непријатен убод може да ви го спасат целото патување.
4. Средство против стомачен вирус
Како на пример јаглен или други апчиња кои ја регулираат цревната флора и ви помагаат да се ослободите од токсините предизвикани од стомачен вирус или пак труење.
5. Средства за чистење и санирање рани
Во случај на исекотини, гребаници или рани, при рака секогаш треба да имате средство со кое ќе ги измиете и дезинфицирате.
М. Д. | Црнобело