Ви течат лиги за слатки, компирчиња, месо - што кажуваат вашите желби за храна за состојбата на вашето здравје?
Никогаш немојте да се самодијагностицирате на Google за состојбата на вашето здравје.
Особено немојте да го правите ова доколку ви се јавува желба за поинаков вид на храна од вообичаената во различни периоди од годината. Тоа само непотребно ќе го зголеми вашиот стрес, а најчесто ваквите дијагнози се прилично неточни.
Сметајте го ова за еден вид на кратко упатство кое ќе ви појасни што значат најчестите желби за храна и ја појаснуваат вашата здравствена состојба:
Црвено месо
Дали редовно јадете хамбургери? Веројатно не се ужаснувате од глетката на лавови кои ја распрачуваат утробата на зебрата во документарните филмови, туку напротив - сосема ги разбирате?
Иако ова не е дефинитивен знак, сепак најчесто желбата за црвено месо може да значи недостаток на железо во организмот. Ова најчесто се манифестира кај женитe коишто имаат обилна менструација.
Пржени компирчиња
Секогаш желбата за сол значи дека имате недостаток од минерали, особено калциум, магнезиум и цинк.
Но, истовремено желбата за пржени компирчиња може едноставно да значи дека сте едни од мнозинството коишто консумираат премногу натриум, односно сол. Оваа навика прави вашите непца постојано да бараат повеќе и повеќе сол, а ова може да го решите со намалување на дневното внесување на сол со оброците.
Кашкавал
Дали го празните целото ќесиче пармезан врз тестенините?
Дали често пати имате потреба од тост или пица со многу растечен кашкавал? Ова може да е индикатор дека не јадете доволно маснотии, односно не внесувате доволно омега 3 масни киселини.
Најдобар извор на омега 3 се масните риби како што е лососот, лененото семе и оревите.
Слатки
За солта потенциравме дека колку повеќе ја јадете, толку повеќе ви ја бара непцето. Знајте дека истото важи и за шеќерот.
Доколку премногу консумирате прости јаглехидрати како што се тестенините, лебот и белите печива, ќе забележите дека телото ќе ви бара повеќе благо.
Простите јаглехидрати прават нагли качувања на шеќерот во крвта, што доведува до големо ослободување на инсулин, што пак следи со нагло губење на енергијата. Кога ова ќе се случи, вашето тело повторно бара шеќер за да ја врати енергијата.
Тестенини
Тестенините имаат слично дејство како шеќерот, бидејќи простите јаглехидрати телото ги третира исто како шеќерот штом ќе поминат низ дигестивниот систем.
Кога внесувате премногу јаглехидрати, а недоволно протеини, шеќерот во крвта варира и телото ви бара уште јаглехидрати. Значи внесувајте повеќе протеини, зеленчуци и маснотии, за да ги избегнете овие варирања на шеќерот во крвта.
Похуван кромид
Покрај тоа што се поврзуваат со внесување на повеќе алкохол од нормалното, похуваниот кромид и останатите похувани работи најчесто се поврзуваат со веќе спомнатите јаглехидрати.
Ова е бидејќи кромидот се похува со лебни трошки. Значи колку повеќе консумирате похован кромид, а тој повлекува и алкохол, толку повеќе внесувате прости јаглехидрати и шеќер од алкохолот, а потоа телото ви бара уште за да надомести за наглото спуштање на енергијата предизвикана од инсулинот којшто го лачи телото за да се справи со јаглехидратите.
(О)Милена | Црнобело