Една голема грешка што речиси сите ја правиме по туширањето
Дали и вие откако ќе излезете со кадата, се забришувате со крпата за туширање, се облекувате и продолжувате со вашите активности?
Со туширањето се штитиме од многу потенцијални инфекции, но со некои навики кои ги практикуваме потоа можеме сериозно да си го загрозиме здравјето.
Токму ситуацијата која ја опишавме погоре е опасна за вас, бидејќи, запомнете - никогаш не облекувајте се сè додека не сте сосема суви.
Ова особено важи за интимниот дел и кај мажите и кај жените. Доколку облечете гаќи или боксерки кога уште не сте целосно суви, создавате услови за развој на бактерии, но и на габички кои предизвикуваат габична инфекција. Затоа, потребно е добро да го исушите со крпата овој дел по туширањето.
Топлината, влагата и триењето може да ја променат ПХ-вредноста и да создадат надворешна габична инфекција, која пак, кај жените, лесно може да се пренесе во вагината.
Доколку сепак мора да излезете веднаш, подобро е најпрво да се облечете нагоре и да оставите што повеќе време на интимните делови да се исушат. Помогнете си со фротирна крпа. Исто така, користете памучна долна облека, која штити од влага и не создава иритации на кожата.
Е. Д. | Црнобело