Што се случува со вашето тело кога летате со авион?

Секој ден илјадници луѓе патуваат со авион, но ретко кој од нив знае што точно се случува со нивното тело додека трае патувањето.

shto-se-sluchuva-so-vasheto-telo-koga-patuvate-so-avion-01.jpg

Летањето со авион не може да се спореди со ниту еден друг вид на транспорт. Кога сме таму горе, атмосферскиот притисок влијае нашето тело да работи поинаку отколку кога сме во автомобил, автобус или пловило.

На височини од 10 до 12 километри над тлото, потребно е да се регулира нивото на кислород во авионските кабини, односно да се допумпува поголема количина.

Но, нашето тело може да се почувствува исцрпено поради намалената апсорпција на кислород и да реагира со вртоглавица или главоболка.

Исто така, влажноста на воздухот може да биде прениска, па кожата да реагира со сушење и чешање. Поради сите овие услови, можно е привремено да се измени сетилото за вкус.

Многумина кои летале со авион тврдат дека тоа им предизвикало венска тромбоза. Причината за тоа лежи и во недостатокот на кислород и од воздушниот притисок, но и поради подолгото седење, особено кога се лета на долги дестинации или кога се менуваат летови. 

За да ви биде попријатно во авионот, но и полесно да го поднесете патувањето, потребно е да станете барем еднаш во текот на летот и да отидете до тоалет, иако не ви се оди.

Со тоа малку ќе се раздвижите. Пијте доволно вода за да останете хидрирани.

Користете спреј за нос со морска сол за да ја влажните слузокожата и секако, нанесете хидратантна крема на лицето и рацете, за кожата помалку да се суши.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg