6 нездрави навики кои сите ги правиме под туш

Веројатно си велите, како може да правам нешто погрешно под туш, кога се бањам цел живот?

6-nezdravi-naviki-koi-site-gi-pravime-pod-tush-001.jpg

Се работи за навики кои сите ги имаме усвоено како речиси нормални, но за жал може да ја оштетат кожата или целокупното здравје.

Обидете се да ги контролирате следниве 6 навики:

1. Миење на лицето

Температурата на водата со која го миете телото е многу повисока од онаа со која би требало да го миете лицето.

6-nezdravi-naviki-koi-site-gi-pravime-pod-tush-1.jpg

2. Не ги миете нозете темелно

Веројатно си мислите дека нема потреба темелно да ги миете нозете, со оглед на тоа што целата вода тече низ нив. Проблемот е што тоа не е гаранција за нивно чистење. Најдобро би било да имате посебно сунѓерче или луфа со кое темелно ќе направите пилинг на стапалата.

6-nezdravi-naviki-koi-site-gi-pravime-pod-tush-2.jpg

3. Не ги менувате луфите редовно

За да не ви се насоберат бактерии кои ќе ги разнесувате по целото тело, треба да ги менувате еднаш во месецот.

6-nezdravi-naviki-koi-site-gi-pravime-pod-tush-3.jpg

4. Сапунот го чувате во пластична кутија

Пластичната кутија лесно се полни со вода и остатоци од сапунот, па е идеално место за размножување на бактерии, кои автоматски се пренесуваат на сапунот.

6-nezdravi-naviki-koi-site-gi-pravime-pod-tush-4.jpg

5. Го оставате бричот во туш кабината или на кадата

Причината е многу едноставна зошто треба да го тргнете од таму – влагата лесно го полни со мувла.

6-nezdravi-naviki-koi-site-gi-pravime-pod-tush-5.jpg

6. Не ја храните кожата по туширањето

Мачкањето со лосиони не е само за жени. На секоја кожа ѝ треба хранлива крема по туширањето, барем двапати во неделата.

6-nezdravi-naviki-koi-site-gi-pravime-pod-tush-6.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg