Зошто после плачење често се јавува главоболка?

Понекогаш плачењето има терапевтски ефект и носи одредено олеснување на оној кој е тажен. Но, понекогаш, ниту тоа не е доволно. Сè зависи од причината за солзите.

zoshto-posle-plachenje-chesto-se-javuva-glavobolka-01.jpg

Плачењето емотивно ги празни луѓето, им ги зацрвенува очите, лицето отекува и е бледо, а неретко сето тоа е проследено и со главоболка.

Што е тоа што ја предизвикува оваа болка? Зошто нè боли главата по плачење, како да не е доволно тоа што веќе страдаме однатре?

Што се случува во телото кога сме тажни?

За време на тага, исто како и при нервоза и стрес, се лачи хормонот кортизол. Токму кортизолот активира одредени невротрансмитери и предизвикува хемиска реакција во нервниот систем, која пак, се манифестира со физички ефект.

Поради тоа, кога плачеме, чувствуваме тензија и напор во делот на челото, а на лицето му тежат дури и солзите кои се слеваат по него.

Еден од одговорните невротрансмитери е ацетихолинот, кој ги стимулира солзните жлезди. Штом тие почнат да лачат солзи, започнува еден верижен процес на дразби на ноздрите, отекување на слузокожата, притисок во синусите и грчење на мускулите на главата.

Комбинацијата од овие фактори, како и емотивната испразнетост, влијаат да се појави таа главоболка, која за среќа, воопшто не предизвикува последици нејзината „злобна роднина“, мигрената.

Токму затоа и главоболката што се јавува по плачење се нарекува уште и тензична главоболка. За време на плачењето, особено кога тоа е интензивно и долготрајно, напрегнати се голем број мускули на главата, вратот, па дури и рамениците.

Исто така, се затнуваат и синусните канали, па се појавува непријатниот притисок во јаболчниците и во челото.

zoshto-posle-plachenje-chesto-se-javuva-glavobolka-02.jpg

Што се случува со оние кои се склони на мигрени?

Оваа категорија луѓе има хиперсензитивен нервен систем, па плачењето кај нив може да биде проследено и со мигренозна болка.

Затоа, ако страдате од хронична мигрена, имајте на ум дека вашето плачење често може да биде проследено со ужасна болка и да чувствувате мачнини и исцрпеност.

Доколку се појави или тензична или мигренозна болка, замолете некој да ве измасира на вратот и рамениците. Истуширајте се со млака вода или нанесете топли или ладни облоги. Земете лек против болки што го користите и при обична главоболка и што е најважно, оставете тагата и болката да излезат од вас.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Болки во 'рбетот и зглобовите: Дали се наследни и што помага да исчезнат? Спортските активности може да ја влошат болката во 'рбетот и зглобовите доколку ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg