20 тајни на луѓето кои никогаш не се разболуваат
Знаат како да се релаксираат
Можеби обожавате Зумба, сакате да гледате филмови, да одите на караоке забави или да „смачкате“ цел еден роман од 350 страници во една вечер. Без оглед на методот, редовното релаксирање е важна навика на луѓето кои не се разболуваат.
Ако сте постојано изнемоштени, имате поголем ризик за срцев удар, дијабетес до синдром на нервозно дебело црево, односно лошо варење на храната.
Се тушираат со ладна вода
Изложувањето на ладна вода може да ги зголеми природните антиоксиданти на телото. Затоа најчесто туширајте се со млака, па дури и постудена вода. Секако е многу поздраво од туширањето со жешка вода.
Редовно земаат витамини
Важно е редовно да ги земате вашите витамини за подобар имунитет. Еден додаток кој го заборавате е пивскиот квасец. Тој е богат со витамин Б, протеини и минерали кои се од витално значење за доброто здравје на луѓето кои ретко се разболуваат.
Ја мијат чинијата на своето милениче
Садот за храна на вашето домашно милениче може да ве разболува како и вашето семејство, доколку не го миете редовно. Една студија покажала дека чиниите за храна за миленичиња се рангираат на четвртото место како можни извори на зараза во домот.
Без оглед дали го храните вашето домашно милениче со сува или влажна храна, садот може да задржи остаток што ги привлекува бактериите како салмонела и ешерихија коли.
Користат хидроген пероксид
Можете да го пронајдете во секоја аптека за малку пари, а истражувањата покажале дека хидроген пероксидот одлично се бори против штетните бактерии налепени на вашето тело, лошиот здив, забоболката, инфицираните акни и ранички и многу други процеси кои му се закануваат на здравјето.
Си носат сопствена постелнина
Најчесто луѓето си носат сопствени чаршафи за спиење кога одат само на одмор или викенд, но создадете корисна навика и каде и да патувате – носете си своја постелнина со себе.
Не одат болни на работа
Повеќе од 60% од испитаниците изјавиле дека ќе продолжат да одат на работа, дури и кога се болни. Тоа едноставно не е здраво. Сигурно умеете да ги препознаете раните симптоми на настинка или пак некоја алергија за да можете да ги преземете правилните мерки за спречување на болеста.
Редовно се вакцинираат против грип
Најефективниот начин да се избегне грипот и настинките е да се прими вакцина против истите. Во секој случај имате доволно време да се подготвите за претстојната зимска сезона.
Креваат тегови
Одењето во фитнес центар е одлично за губење на тежината, што во крајна линија може да го подобри вашето здравје. Но, за да не се разболите почнете со кревање тегови, односно тежини.
Тоа може да ја намали веројатноста за појава на срцеви заболувања, па дури и депресија.
Имаат поквалитетни и чисти правосмукалки
Кога купуваме правосмукалка сметаме дека со помош на истата ќе си отстраниме сите нечистотии и валканици од домот, оставајќи чиста и сјајна куќа зад нас.
Но, истражувањата покажале дека доколку имате посилна и поквалитетна правосмукалка таа поефикасно ќе го исчисти просторот. Воедно, не смеете да заборавате на нејзиното редовно чистење, односно одржување, бидејќи тука се крие тајната за доброто здравје.
(О)Милена | Црнобело