20 тајни на луѓето кои никогаш не се разболуваат

Дали сте од оние кои постојано се разболуваат, без оглед на месецот кој го покажува календарот? Добре дојдовте во клубот. Веројатноста е дека имате послаб имунитет од многу други луѓе или страдате од некој вид на алергија.

20-tajni-na-lugjeto-koi-nikogas-ne-se-razboluvaat-01.jpg

Сепак, многу од вашите навики придонесуваат за вашето често разболување. Доколку сакате да украдете некоја навика, односно тајна од луѓето кои не се разболуваат скоро никогаш, време е да ги дознаете:

Редовно дремнуваат

Докажано е дека недостатокот на спиење предизвикува зголемување на телесната тежина, води до компромитиран имунолошки систем и го зголемува производството на кортизол, хормон кој предизвикува стрес.

Факт е дека до околу 13 век и откривањето на механичките часовници, луѓето секојдневно одвојувале време за дремка. Најдобро време за кратка дремка: од еден до три часот попладне.

Затоа дремнувајте секој ден, макар само 15 минути.

20-tajni-na-lugjeto-koi-nikogas-ne-se-razboluvaat (6).jpg

Не пијат алкохол пред спиење

Иако можеби чувствувате дека ќе паднете во длабок сон по само една чашка алкохол пред легнување, тој всушност го нарушува циклусот на спиење и квалитетот на вашиот сон.

Спиењето врши закрепнување на имунолошкиот систем; намалувањето на пиењето ќе ви помогне вашето тело да се заштити од штетните бактерии на кои може да наидете.

20-tajni-na-lugjeto-koi-nikogas-ne-se-razboluvaat (14).jpg

Обожаваат чај

Самиот процес на пиење чај, како и вдишувањето на пареата што се произведува од топлиот напиток ќе ги стимулира фоликулите во носот, со што ќе ви биде полесно да ги отстраните бактериите од носот додека дишите.

20-tajni-na-lugjeto-koi-nikogas-ne-se-razboluvaat (9).jpg

Имаат исполнета друштвена агенда

Можеби сметате дека дружбата и многуте пријатели и излегувања не се вбројуваат до позитивните фактори како исхрана и вежбање кога станува збор за добро здравје.

Но, истражувањата покажуваат дека добрите пријатели можат да заштитат од сè, од губење на меморијата до срцеви напади, па дури и заразни болести. Дружбата и комуникацијата со други луѓе ја зголемува самодовербата, што пак го поддржува имунолошкиот систем.

20-tajni-na-lugjeto-koi-nikogas-ne-se-razboluvaat (1).jpg

Јадат доволно протеини

Луѓето кои јадат помалку протеини се најдоа на листата со изразено послаб имунолошки систем. Обидете се секојдневно да вклучите храна богата со протеини за време на секој оброк.

20-tajni-na-lugjeto-koi-nikogas-ne-se-razboluvaat (16).jpg

Рацете ги чуваат до себе

Секогаш кога тоа е можно – најдобро е да ги задржите рацете до себе. Ова најмногу се однесува на јавните простори, каде што би требало да се воздржиме од допирање работи и предмети.

Сметајте дека автобусите, болниците, јавните скали биле допрени од стотици луѓе пред вас и веројатно на нив веќе има налепено безброј штетни бактерии.

20-tajni-na-lugjeto-koi-nikogas-ne-se-razboluvaat (15).jpg

Одат на масажа

Зајакнете го вашиот имунолошки систем со квалитетна масажа на секои неколку недели. Вашата циркулација ќе се подобри и клетките ќе се нахранат со дополнителен кислород и крв, што може да го зајакне вашиот имунолошки систем.

20-tajni-na-lugjeto-koi-nikogas-ne-se-razboluvaat (3).jpg

Внимаваат колку шеќер внесуваат

Шеќерот ја спречува способноста на белите крвни клетки да ги уништуваат вирусите и бактериите кои влегуваат во нашиот систем, односно - што помалку шеќер внесуваме во организмот со толку помалку болести и ќе се бориме.

20-tajni-na-lugjeto-koi-nikogas-ne-se-razboluvaat (18).jpg

Не си го чепкаат постојано лицето

Доколку хронично ги гризете ноктите или постојано си го чепкате и допирате лицето, ставете крај на оваа лоша навика и ќе видите дека ќе се разболувате многу помалку.

Секогаш кога посакате да го допрете сопственото лице, потсетете се дека пренесувате штетни бактерии на носот и устата. Мијте ги редовно рацете, особено после отворањето врати и лифтови.

20-tajni-na-lugjeto-koi-nikogas-ne-se-razboluvaat (8).jpg

Излегуваат на свеж воздух

Додека многу луѓе мислат дека студениот воздух предизвикува да се разболите (особено во текот на зимската сезона) всушност, колку повеќе време поминувате надвор, толку поздрави сте.

Обидете се да поминете малку време надвор секој ден, без оглед на температурата.

20-tajni-na-lugjeto-koi-nikogas-ne-se-razboluvaat (5).jpg

Уште 10 здрави навики на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg